Blekko, стартап пребарување со слаштагови

Blekko го има мотото „Slash the web” и нивната клучна идеја е користењето на слеш(/)тагови во пребарувањето. Нивната идеја е да ги користите слештаговите за да пребарувате:

  • само страници кои би биле релевантни за тоа што го барате (iphone reviews/tech),
  • пребарувања кои не можете да ги направите со клучни зборови ( Kim Kardashian/gossip. Овде, зборот после слештагот нема да пребарува страници кои ги содржат и двата поими Ким Кардашиан и озборување, туку ќе пребарува по блогови, страници и слично кои се занимаваат со трач. Тоа е разликата од на пример, да го пишете истотo на Google кој пребарува само по клучни зборови. Иако не забележав којзнае каква разлика, видете тука.
  • пребарувања низ категории каде има многу спам (avoiding swine flu/health). Овде мора да се спомене дека корисниците предупредуваат дека ова може да има цензурирачки ефект на мрежата. Ако се филтрираат само најпознатите пребарувања оваа област, нема да можат оние кои само што почнуваат да дојдат никогаш до израз.
  • преку пребарувања да стигнете до најновите материјали и веб податоци: Obama /date, Mel Gibson /rank, cnn.com /seo, techcrunch.com /links.
  • директен пристап до API-ја на други веб страници (Lady Gaga /youtube).
  •  

Исто така, можете да помогнете со тоа што ќе креирате сами слештагови, а ќе можете да ги користите и они кои на пример, ги креирале вашите пријатели. Blekko се отворени за соработка во секое време, и ако мислите дека некој слештаг дал погрешен одговор можете да ги известите и тие ќе го сменат.

Иако звучи одлично сепак има една важна забелешка: Blekko и не е толку едноставeн за обичниот корисник. Никој не сака да се замара и да седне и да научи како да користи пребарувач. Таму е и убавината на Google, толку е едноставен што секој може да го користи. Blekko е на самиот почеток, и како што велат имаат 20 милиони долари во нивниот фонд, што значи нема да ги снема за брзо време, туку ќе продолжат да го развиваат потенцијалот.

Што мислите вие? Ви се допаѓа ли оваа идеја?

Еве едно интервју од TechCrunch што ако ја занемарите чудната водителка, ќе можете да ја чуете приказната на сопственикот на Blekko.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии