Благојче Павлески од Прилеп го освои првото место на Меѓународниот натпревар по програмирање CodeIT, организиран од Мусала Софт

На свечената церемонија во Претседателството на Република Бугарија која се случи вчера, во 16:30 часот, беа прогласени победниците на 18-тото издание на Меѓународниот натпревар по програмирање CodeIT 2017-2018. Натпреварот е организиран од софтверската компанија Мусала Софт, под покровителство на Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Во рангирањето за јуниори, прво место освои Благојче Павлески од Прилеп. Второ место освои Виктор Кожухаров од Русе, а трето место е Доријан Лендвај од Поповача, Хрватска.

Благојче Павлески има 15 години и е од Прилеп. Моментално, завршува деветто одделение и е прогласен за ученик на генерација. За време на неговото основно образование учествувал и освојувал награди на голем број натпревари од областа на математиката, биологијата, физиката, но и на натпревари во спортот и ликовната уметноста (две години по ред на „The Lions Club”). Тој во деветто одделение освојува прва награда на општински и регионални натпревари, како и втора награда на државен натпревар. Освен тоа, Благојче освоил второ место на државен натпревар по физика. Благојче ќе ја претставува Македонија на Меѓународниот натпревар по информатика за млади.

Во рангирањето за сениори, победник е Мартин Копчев од Габрово, Бугарија на второ место е Виктор Терзиев од Софија, Бугарија. На трето место е Тодор Бончев од Враца, Бугарија.

Во поздравниот говор до победниците и гостите на настанот, Претседателот на Република Бугарија и пaтрон на финалниот круг на натпреварот, Румен Радев, особено им се заблагодари на организаторите од Мусала Софт, како и на партнерите и пријателите на натпреварот. Тој додаде: „Посакувам натпреварот CodeIT, заедно со поддршка на сите присутни, да го умножува успехот, да привлече се повеќе и повеќе млади луѓе, со цел проширување на знаењето.“

На настанот присуствуваа претставници на академски институции, претставници на невладини организации од областа на информатичките технологии, спонзори и партнери на натпреварот.

„Меѓународниот натпревар по програмирање CodeIT, повторно ги собра брилијантните таленти во натпреварувачкото програмирање. Ова е една од долгорочните иницијативи на Мусала Софт и ние сме горди што добивме поддршка од претседателската институција, од елитните образовни и академски институции, бизнис и невладиниот сектор. Убедени сме дека младите луѓе кои учествуваа на CodeIT ќе бидат меѓу лидерите на софтверската индустрија. Среќни што сме дел од нивниот пат кон врвот!” рече Елена Маринова, Претседател на Мусала Софт.

Финалето на натпреварот се одржа на 3 јуни помеѓу 12:30 и 17:30 часот во Софија. Учесниците во финалниот круг се селектирани според резултатите кои ги постигнаа за време на шесте прелиминарни (онлајн) круга на меѓународниот натпревар за програмирање кое се одржа од октомври 2017 до мај 2018 година.

Традиционално, секоја година финалистите на CodeIT се сретнуваат со „гуру” на натпреварот по програмирање. Оваа година, финалистите ќе слушнат интересно предавање од Иван Катаниќ, долгогодишен натпреварувач по програмирање и добитник на многу медали и награди на меѓународни натпревари. Дел од неговите достигнувања вклучуваат златен медал на IOI и две сребрени медали од ACM ICPC. Катаниќ има завршено магистерски студии на Универзитетот во Загреб. Неговото образование е фокусирано на machine learning & block chain technologies. Катаниќ бил практикант во Facebook, MemSQL и Jane Street. Тој е дел од заедницата на програмерите многу години и продолжува да учествува во натпревари по програмирање. Тој ги подготвува учесниците на CodeIT од Хрватска и подготвува задачи.

CodeIT нема возрасни ограничувања за учесниците, но главната група натпреварувачи се ученици и студенти со интереси во сферата на алгоритми и натпреварувачко програмирање – многу од нив имаат освоено медали од национални и меѓународни олимпијади. Натпреварот се одвива секоја година во 6 прелиминарни онлајн рунди и финален круг со присуство на натпреварувачите во партнерство со компании, невладини организации, ИТ асоцијации и водечките образовни институции во Бугарија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии