Благодарение на HTTPS, Интернет е побезбедно место

Речиси две третини од времето поминато онлајн, регистрирано од прелистувачот Chrome сега е преку HTTPS протокол. Зголемено е и учеството на веб-страници со овој протокол, и нивната бројка сега е нешто над 50 отсто, јави Google на својот блог.

chart

Image: Google

Пред една година кога Google започна да ги „брои“ страниците со HTTPS, нивниот број беше помал од 50 отсто. Најголемиот број од платформите забележуваат раст од околу 10 отсто. Она што е интересно е дека учеството на страниците на мобилните платформи е помало, барем ако судиме по Android.

HTTPS e побезбедна верзија на HTTP. Тоа e протокол со кој се испраќа сообраќајот помеѓу прелистувачот и веб-страниците. Во HTTPS целиот сообраќај помеѓу страниците и прелистувачот  криптиран, со што е додадено дополнително ниво на безбедност.

Поголемата безбедност на интернет сообраќајот е важна за куп функционалности. Најголем дел од ова за електронско банкарство и трговија и размена на податоци. Но користењетo на HTML5 API за гео-локација е речиси подеднакво опасно без зголемена безбедност.

Миграцијата не е без проблеми но голем дел од страниците веќе ги надминуваат. Еден од проблемите се рекламите кои се поставуваат на странците кои можат да бидат проблем, предупреди Google.

Една од „мотивациите“ за зголемување на безбедноста е повисокиот ранг во резултатите на пребарувачот, кој Google го стави како еден од позначајните фактори во SEO-то пред некое време.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии