Blade Symphony стана бесплатна за играње

Blade Symphony е уникатна мрежна игра со мечување. Од неодамна, студиото зад играта, Puny Human, ја направи играта бесплатна за играње.

И налути легија од гејмери.

Потегот, објаснува Puny Human, е за да ја направат играта подостапна за сите и да и вдахнат нов живот.

Потегот, објаснуваат гејмерите, е да се навредат сите оние кои претходно ја купиле играта и да се извлече профит со игра која ниту е правилно оптимизирана, ниту пак се одликува со задоволителни контроли.

Blade Symphony стана бесплатна за играње набру по имплементација на огромното надополнување Harmonious Prelude, со што се надгради графичкиот енџин и се воведоа нови модови. И покрај ова и бројните најави за транзицијата кон бесплатен за играње продукт, поголемиот број гејмери решија да го искажат нивното задоволство преку единствениот можен начин – Steam рецензии.

Во последните 30 дена, само 30 проценти од рецензиите се позитивни. Сè останато плука по играта и ја доведува до исклучително жална состојба, поставувајќи ја во истото коше со останатите производи на исклучително негативни рецензии.

Ваквата реакција исклучително нè изненадува. До пред некое време, никој не ја играше Blade Symphony. Steam Charts раскажуваше тажна приказна од просечен број на играчи кој никако не преминуваше десет. Со потегот на Puny Human бројката е поголема, што е едноставно задолжително за просперитет на една мрежна игра. Дополнително, Puny Human продава само четири работи преку продавницата, но подарува 10 екслузивни работи на сите премиум сопственици на играта. Според нас, обидот на Puny Human е за пофалба и воспоставува солиден баланс на исклучително прифатлива транзиција. Во случај да не се согласувате со нас, би сакале да ви понудиме да нè побарате во играта и да ги разрешиме сите недоумици во стандардната 1v1 арена. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии