BlackHole RAT е нов тројанец за Mac OS X

BlackHole RAT има корени во добро познатиот Remote Access Trojan (RAT) за Windows кој е наречен darkComet. Овој тројанец е анализиран од Sophos кои го нарекоа OSX/MusMinim-A, или MusMinim скратено.

BlackHole RAT причинува разни штети како да праќа команди за рестартирање, гасење или спиење, да намести порака на целиот екран која ви дозволува само да рестартирате, да отвара веб страници преку вашиот прелистувач, да дава лажни дијалози за да ја дознае вашата администраторска лозинка итн. Тројанецот при бутирање на системот пишува:

„Здраво јас сум BlackHole Remote Administration Tool. Јас сум тројански коњ, кој го зарази вашиот Mac Computer. Знам, многу луѓе велат дека Mac не може да биде заразен, но гледајте, вие СТЕ заразени! Јас имам цела контрола врз вашиот компјутери и можам да правам што сакам, и вие не можете да направите ништо за да ме сопрете. Така, јас сум многу нов вирус, во развој, така да ќе има повеќе функции кога ќе бидам завршен. Засега, е ок што јас можам да направам. За да ви покажам што можам да направам јас ќе ви го рестартирам вашиот компјутер откако ќе кликнете на копчето подолу.“

Тројанецот се уште не е евидентирано дека е искористен во некој онлајн напад, засега е само концепт кој се развива, но затоа што е многу едноставен и лесен за менување, може да се најдат креативни начини да се искористи и да се наведат корисниците да го симнат и инсталираат.

И повеќе од очигледно е дека повеќе Apple уредите не се имуни на напади, како се поинтересна мета, се очекува во блиска иднина да се појават се повеќе малициозни закани за овие системи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии