BlackBerry подели тужби за Facebook, Instagram и WhatsApp

Некогаш гигантот, а сега заборавениот производител, BlackBerry подели тужби за Facebook и сите компании кои се под друштвената мрежа, јави Reuters.

Тужби покрај главната компанија добија и WhatsApp и Instagram. Компанијата ја обвинува друштвената мрежа за нарушување на интелектуалната сопственост.

„Имаме основано тврдење дека Facebook ја наруши нашата интелектуална сопственост. По неколку години дијалог, имаме обврска кон акционерите да побараме правна разрешница“, велат од BlackBerry.

Причина за тужбата се сервисите за пораки на Facebook за кои BlackBerry тврди дека користат нивни патенти.

Компанијата тврди дека голем дел од функционалностите за нотификации на различни платформи сe базирани на нивна технологија. Пример, можноста Instagram stories да бидат прикажани на Facebook е една од овие функционалности, пренесе CNBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии