BlackBerry не се продава; доби 1 милијарда долари од инвеститори

BlackBerry, поранешен Research in Motion, нема да се продаде на најголемиот акционер Fairfax Financial Holdings, туку од нив и други финансиери ќе добие 1 милијарда долари инвестиција. Оваа одлука доаѓа по веста дека Fairfax, кои имаат 10% oд компанијата, не успеа да најде партнери кои ќе го купат BlackBerry од акционерите за 4,7 милијарди долари.

Директорот Торстен Хенс ќе ја напушти позицијата, на негово место ќе дојде директорот на Sybase, Џон Чен, а ќе следи и промена на менаџерскиот тим. Финансиката инјекција ќе му помогне на BlackBerry да се одржи на пазарот. Минатиот квартал компанијата пријави загуба од 965 милиони долари, што беше резултат на лошите продажби на најновите телефони на BlackBerry како Z10, а беше и најавено дека ќе бидат отпуштени 4.500 работници, или 40% од вкупните вработени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии