BlackBerry Messenger од летово ќе биде достапен и за iPhone и Android

Месенџерот на BlackBerry ќе стане мулти-платформска апликација која би требало да им конкурира на се популарните iMessages, WhatsApp и Facebook Chat. Директорот на BlackBerry, Торстен Хајнс, најави дека апликацијата од летово ќе биде достапна и за iPhone (iOS 6+) и за телефоните кои работат на Android 4.0+. Ова беше претставено на конференција на која BlackBerry (поранешен Research in Motion) го претстави најновиот BlackBerry OS и BlackBerry Q5 телефонот наменет за пазарите во развој.

BlackBerry Messenger ќе биде бесплатна, најави г. Хајнс, со цел да биде достапна до сите корисници ширум светот. Според него, апликацијата веќе се користи од 60 милиони BlackBerry корисници кои споделуваат над 10 милијарди пораки секој ден.

„Зошто го правиме ова сега? Ова е декларација на самодовербата. BlackBerry 10 платформата е моќна и нејзината поддршка беше доволно добра за да процениме дека е време BBM да стане независно решение за комуникација“.

Интересно, но тој мораше на конференцијата да ги смири BlackBerry корисниците дека Messenger ќе остане најкомплетен за нивната платформа. Корисниците на iPhone и Android ќе можат да праќаат пораки, да се вклучуваат во групи со другите корисници и, со подоцнежни верзии, да можат да делат екран и да прават видео повици.

1 коментар на “BlackBerry Messenger од летово ќе биде достапен и за iPhone и Android

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии