BlackBerry Messenger 10 ќе има видeо разговори

Дејан Соколоски

во Мобилни

Како што наближува 30 јануари и презентирањето на новите Blackberry телефони, дознаваме повеќе и за опциите кои ќе доаѓа новиот телефон. Најновите телефони на Research in Motion ќе доаѓаат со интегрирани видео раговори во BBM (Blackberry Messenger). Информациите најпрво протекоа на форумот на Crackberry, но сликите набрзо беа отстранети од форумот.

Сликите доаѓаат со RIM доверливо и споделено под NDA (Non Disclosure Agreement), а на нив може да се забележи дека од текст пораки корисниците ќе може да се префрлат на видео разговор. Во текот на разговорите корисниците ќе може да споделуваат и  презентации или табели. Сето ова ќе биде решено едноставно со притискање на едно копче.

BBM услугата ќе биде една од најзабелжителните на новитe Blackberry 10 телефони, покрај текст пораки, корисниците ќе можат и да го побараат преку BBM Voice услугата и да разговараат со корисниците на Messinger преки Wi-Fi мрежа. Доколку податоците за интегриран видео сервис се покажат како точни, ова ќе биде одличен одговор на RIM на интеграцијата на Skype во Windows телефоните, кој може да им помогне во борбата за трета платформа зад Android и iOS.

BlackBerry 10 ќе доаѓа со низа интересни опции:

  • Можност за два профили на телефонот, еден бизнис и друг за приватно користење- BlackBerry Balance.
  • Сите пораки на едно место, без разлика дали станува збор за SMS, email, BBM, Twitter, Facebook, говорна пошта сите пораки се сместени во BlackBerry Hub. Услугата овозможува и разделување на различните пораки на различни екрани.
  • Active Frames – покрај тоа што Blackberry OS може да изгледа како Android или iOS, ако отворите повеќе апликации наеднаш екранот се поделува на повеќе сегменти кој активно ги следат промените во отворените апликации.
  • Новиот Blackberry ќе доаѓа и со подобра камера,  8MP задна камера со можност за снимање на 1080р видео и 30 fps.
 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии