Blackberry ќе добие музички сервис

Research in Motion, или познати како RIM, планираат на корисниците на Blackberry уредите да им понудат музички сервис. Музичиот сервис ќе биде дизајниран да работи со BlackBerry Messenger, сервисот на Blackberry за инстант пораки. Според најавите, се предвидува музичкиот сервис да биде стартуван идната недела.

Според Wall Street Journal, музичкиот сервис ќе биде базиран на претплата и ќе чини помалку од десет долари месечно. Месечната членарина ќе се наплаќа како дел од корисничката телефонска сметка. Дел од приходот ќе биде споделен со оние дискографски куќи кои ќе земат учество во овој сервис. RIM е во преговори со четири дискографски куќи, меѓу кои се Universal Music Group, Sony Music Entertainment, Warner Music Group, и EMI Group.

Музичкиот сервис ќе им овозможи на корисниците да слушаат до 50 песни, кои ќе можат да ги споделуваат со останатите корисници на Blackberry Messenger. Ова е сосема спротивен пристап на музичка понуда во споредба со останатите популарни музички сервиси како Spotify, Pandora, Slacker Radio и други, кои им овозможуваат на корисниците да стримаат неограничен број на песни.

RIM сè уште ги нема искоментирано овие гласини, изјавувајќи дека стандардна политика на компанијата е да не коментира на шпекулации и гласини.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии