BlackBerry ја смени тактиката, претстави телефон без физичка тастатура

Blackberry се појави на Mobile World Congress во Барселона со цел да воодушеви со нов телефон, кој овој пат е без физичка тастатура. Ако BlackBerry Classic беше направен да привлече бизнис-ориентирани луѓе кои сакаат физичка тастатура, BlackBerry Leap e поинаков концепт со уред без физички копчиња. Blackberry Leap доаѓа со 10.3.1 верзија на оперативниот систем. Хардверот укажува на телефон од средната класа: 5-инчен екран со 720р резолуција, 8МР камера, 16GB слободен простор, но и вградена „anti-malware“ заштита.

Со оглед на тоа дека конкуренцијата на пазарот на телефони од средна класа се повеќе се заострува, освојувањето на пазарот за Blackberry барем во овој момент делува на невозможна мисија, иако од компанијата се оптимисти.

Но, BlackBerry повторно има сериозен проблем со продажба на своите уреди во 2014 година, во која успеа да продаде едвај 7,9 милиони уреди, јави BBC. Можеби затоа не изненадува најавата на канадската компанија дека слично како и Microsoft ќе започнат да го нудат својот софтвер и на конкурентните платформи: iOS, Android и Windows Phone.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии