BlackBerry го најави својот говорен асистент, налик на Siri и Cortana

BlackBerry се вклучи во трката на кој ќе направи подобар говорен асистент за паметни телефони. Новиот Passport паметен телефон за прв пат ќе доаѓа со BlackBerry Assistant, виртуелен говорен асистент налик на Siri кој ќе организира, информира и ќе ја зголеми продуктивноста. BlackBerry Assistant доаѓа со новиот оперативен систем BlackBerry 10.3, а по се ќе наликува на останатите говорни асистенти. Асистентот на BlackBerry ќе може да пребарува по имејлот и календарот, и да испорачува препораки во согласност со распоредот. Слично како и Cortana на Microsoft, и асистентот на Blackberry ќе се прилагодува на корисникот колку повеќе го користи.

„Ќе бидете пријатно изненадени колку точно асистенот ги препознава вашите барања“, вели Дони Халивел oд BlackBerry.

Асистентот ќе може да стартува апликации, гласно да ја прочита поштата и да испраќа BlackBerry Messenger пораки. Passport, Blackberry 10.3 и говорниот асистент треба да бидат презентирани и пуштени во продажба од септември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии