Black Desert e бесплатна доколку ги исполните следниве услови

Black Desert е една од најпопуларните понови ММО игри. И покрај тоа што продавницата има контроверзни работи кои значително ги олеснуваат работите на сите оние што ќе посегнат по паричникот, играта сепак успеа да привлече над 10 милиони играчи. Kakao и Pearl Abyss дефинитивно не сакаат да застанат тука и заземаат напори да привлечат бранови од нови играчи. За таа цел, нивната најнова кампања ви дозволува бесплатно да ја проверите играта во времетраење од седум дена. Во случај да успеете за тие седум денови да постигнете 56 ниво со вашиот лик и да го комплетирате awakening квестот, тогаш играта е ваша засекогаш.

Имајте во предвид дека во пробниот период треба да навлезете и да пробате да ги остварите овие два услови до 17.октомври. Промоцијата нема да продолжи по истекот на датумот.

Ова е интересна промоција која дефинитивно би требало да ја искористите затоа што играта навистина има што да понуди со комплексните системи. Доколку имате време, седум дневниот пробен период е сосема доволен за да можете да го остварите бараното и да избегнете плаѓање од 10 евра – цената која се обично се бара за Starters пакетот. Пакетот кој ви се подарува често знае да се продава и со попусти од 40% проценти за време на поголемите распродажби на Steam.

Целата промоција е за преку официјалниот веб сајт, а не за преку Steam

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии