Доколку инспекцијата влезе во фирма и види дека се користи нелиценциран софтвер тогаш фирмата ќе се соочи со незгодно сценарио – запленети компјутери, парични казни и кривична пријава.

„Согласно Кривичниот законот, средствата се запленуваат, полицијата има право да ги запечати и заплени компјутерите со целиот тој материјал. Кога пресудата ќе е правосудна се одзeмaат тие предмети, и најчесто следува парична или условна казна затвор“, вели адвокатот Валентин Пепељуговски, правен застапник за Microsoft, Adobe и AutoDesk.

При влегување во фирмата инспекцијата првин преку фактурите, испратниците или преку налепница на компјутерот ја проверува легалноста на софтверот како Windows, Microsoft Office, Adobe Photoshop, Autodesk и Autocad Corel. Доколку е потребно софтверот се проверува и на самиот компјутер со дополнителни верификации.

Тоа што е интересно е што инспекцијата, откако првин ќе добие сознанија, праќа предупредување до фирмите барајќи да си купат или најдат лиценциран софтвер. Потоа по одреден период следи и самата проверка. Доколку се открие пиратерија следи запленување и казна од 500 до 2.500 евра.

Иако најчесто е парична казна, со Зaконот за авторското право и сродните права (.pdf) не се предвидени прекршочни санкции, туку се применува Кривичниот законик во кој е одредено дека неовластено користење на туѓо авторско дело може да резултира со казна затвор максимум до 5 години. Ова е екстремна мерка доколку се утврди дека дека се работи за поголемо количество компјутери и пиратски софтвер.

Како да избегнете казни?

Пиратеријата во Македонија воопшто не е табу, напротив повеќе е „мејнстрим“ односно се користи од индивидуалци до фирми. Но, тоа не значи дека нема да бидете казнети, нели?

Очигледниот одговор е дека треба да си купите софтвер кој може да ве чини, пример Windows Proffesional е околу 8.000 денари, но затоа лимитираната Starter верзија е поефтина, околу 2.000 денари. Но, зошто мора да биде Windows? Има бесплатен оперативен систем, има слободен софтвер. Пример, симнете си Ubuntu.

Се зависи од потребите на фирмата. Ако користите Photoshop само за да кропирате или намалите слика, да тргнете мал детал од неа и слични други аматерски работи, тогаш зошто да се плашите од казна? Симнете си алтернативен слободен софтвер. Ако сте професионални дизајнери тогаш купете го Photoshop, можеби ќе ве чини над 500 евра, но сигурно ќе ви се исплати. Исто важи и за архитектите кои работат со Autocad.


Кога сме кај Office, и посебно најпопуларниот и најкористениот Word, не сум убеден дека е потребно да се пиратира едитор за текстови кој може да се најде бесплатно или многу поефтино.

Со развојот на решенијата во облакот, односно веб софтвер со пристап од било каде, денес станува многу полесно, поефтино, често и попродуктивно за една фирма да користи вакви веб сервиси отколку да купува лиценцирани софтвери за сите свои компјутери. Пример, наместо да се купи Office кој чини од 6 до 20.000 денари за 5 компјутери во фирмата, платете по 6 долари месечно по човек и закачете се на Office 365 или на Google Apps for Business. Или пак симнете си го слободниот Open Office.

Избегнете казни, користете легален софтвер. Кој знае можеби ќе ги мотивирате и македонските програмери да креираат атрактивен софтвер.

40 коментари на “Бизниси, користете легален софтвер или соочете се со казни

  1. Добро а што ако на компјутерот има уторрент и симиња некој си филм да речеме, а се останато е лиценцирано? еве јас имам 55 компјутери со лиценци на работа, од кои на 50 имаат уторрент и си симињаат колегиве филмови. Еве уторрент е бесплатен но материјалот кој се симиња е пиратерија, што останува за тоа ? Не зборам за програми….
    И ме интересира дали лаптоповите ги проверуваат?

    И ДАЈ ОПРАЈ ТЕ ГО ФОРУМОТ АМАН !!! :D

  2. Наместо казни и затварање фирми(2.500 – 3.000е, за мала фирма значи крај) многу подобро би било да нудат решение за фирмите/лицата да си ги набават софтверите. На пример доаѓа инспекција, наоѓа не легален софтвер и наместо казна го купува државата софтверот/лиценцата и фирмата/лицето си отплаќа на на рати. Никој не добива ако се затвараат мали / средни бизниси.

  3. Лиценциран софтвер да, ама пред неколку недели купив два диска за во канцеларија ко демек оригинал Windows 7 starter од АМЦ и коа бев да ги земам дисковите ми дадоа windows recovery media disk со лого на АМЦ и со налепници од Windows 7 starter. Ме убедуваа дека не знам да инсталирам, дека неам потребен хардвер дека не сум способен и др и после сите „убедувања“ ме посоветуваа „дечко симни си торент, стај си ги бројчињата од налепниците и ќе имаш оригинал“…… и веќе три недели се расправам и абер нема дискови да ми дадат…

    1. А дали од АМЦ ти кажаја дека несмееат да продаваат Стартер едиција без компјутер, на самиот стикер ти пишува дека не треба да се продава одделно од хардвер.

    2. И ако евентуално имаш посета од инспекција и фактурата која ке ја доставиш содржи само windows, ке се смета за невалидна и пак ке си платиш казна. за стари компјутери смејат да продаваат само Win 7 Pro GGK лиценца.

  4. Баш би сакал да знам зошто на John му е толку преку глава од Ubuntu? Работам на тој оперативен систем од 2007 година и можам да кажам дека не сум имал никаков сериозен проблем. Башка која било верзија е 4 пати постабилна и подоверлива од генерациски соодветната верзија на Windows.

  5. Edno treba da ni bide jasno: BESPLATNI ALTERNATIVI ZA SOFTWER NEMA. Dosta veke so tie sranja Ubuntu, gimp.. podobro da ne postoea..
    Windows si e windows, Photoshop e Photoshop kompaniite vredi da gi kupat..

    1. Зошто мислиш дека Ubuntu, GIMP или било која слободна алтернатив на некој платен софтвер е тапа? Ако си почнал да работиш со GIMP и потоа PS ќе ти е тапа, од некој Линукс преминеш на Win – пак ќе ти е тапа… Се е до навиките кои човекот ги има стекнато. Али кога веќе мислиш дека Убунту, Гимп, … се тапа…. објасни зошто?

  6. Абе уба работа шо викаш дека ако си програмер или дизајнер купи оргинален софтвер, ама дали то е вистина така?

    Ете пример некој од 15 или па нека е и 20 години, сака да биди програмер и како ќе научи? Во 30 дневната триал програма? Или па ако веќе знај да програмира/дизајнира, тогаш тој треба да има пари за да купи лиценца, а 300-400-500 долари не се баш малку за нормален македонец, посебно за почетниците..

    Нека е во ред за казните за оперативниот софтвер, оти сепак Микрософт има нешто канцеларии кај нас мислам, ама сега за фотошоп или дреамвеавер кај е причината за казна и кај одат тие пари? Нема логика многу…

    А и тексто треба да ти биди насочен кон фирмите не кон поединците, оти поединците би ги користеле тие програми за да заработат пари (outsource) додека фирмите ги користат за нивни сопствени работи.

    А то со алтернативните работи, никогаш нема да биди користено, оти тие се втора опција и се во многу помал број користени (не само кај софтвер туку кај сите подрачја од животот: бензин, греење, градба на згради, домашно затоплување и слично) Пример сите викат бензинот е ваков таков, загадва околина и слично. Епа оти автомобилските компании не прават коли на вода, струја и слично за да ние да ги купуваме?? Оти се алтернативни :)

    1. Парите идат кај фирмата што го развива тој софтвер, нема везе дали таа фирма има претставништо кај нас или не. Ако некоја фирма не е спремна да одвои пари да лиценциран софтвер, има и бесплатни решенија… За физички лица малку е подругачие да се контролира дали користи нелегален софтвер и сл.

      1. Значи ако одат инспектори во интернет играчница и настегат казни од по 500-1000 евра за пиратски кантер, гта или слично, тогаш тие пари му се исплаќаат на нивните креатори? Чисто неверојатно за да биди вистинито :)
        То не ми се верва да се прави ниту за Микрософт а камоли за други програми/игри..

        А за алтернативи така бато, поарно да не постоеја хаха :) Неможи едно што веќе е направено да чини за цел свет, па да се бара нешто алтернативно. Ако беше така лесно, тогаш то првото нешто ќе еволуираше а не да се бараат други опции :)

      2. Грешка си ме разбрал. Парите од казните не идат кај креаторите, ама не значи ако некоја компанија нема претставништво кај нас да не го купуваме нивниот софтвер.

        На на секој му чини Photoshop, Windows-от или било што…

    2. "А и тексто треба да ти биди насочен кон фирмите"

      Tекстот се однесува на фирмите, на на индивидуалните фриленс програмери, дизајнери итн.

    1. Иако го користиш виртуелно, незначи дека го користиш легално. Мислиш дека инспекторите се будали. Не се секирај чуле и они и за VMWARE и за VIRTUALBOX. Пребаруваат по компјутерот и за виртуелни машини, па и за на нив инсталирани guest оперативни системи и апликации.

      1. virtualbox e open source можам како сакам и кога сакам да го користам. Нема закон против негово користење. Се проверува кој оперативен систем го користиш за работа, а не виртуелниот

      2. Видиш тука си голема грешка. VirtualBox е слободен софтвер, тоа е несомнено и немам никаква примедба, но прочитај ја убаво неговата лиценца за употреба и ќе видиш дека пишува и таму дека за секој guest ОС што ќе го користиш „внатре„ ти треба и соодветна лиценца ако таква постои. значи да резимираме, ако сакаш да користиш Windows под Linux во VirtualBox, ти треба лиценца за Windows-от. Ако не веруваш напрај така и викни си инспекција :) Да беше така лесно никој немаше да плаќа за Windows да релеме, сите ке го користеа во VM. :)))

      3. https://www.virtualbox.org/wiki/Technical_documen… за Guest OS не пишува ништо такво. Нема никаква забрана. А и не може да има, бидејќи софтверот односно оперативниот систем се работи на виртуелна машина, а лиценцата пример OEM важи за хардверска машина (PC). Така да e легално

      4. Како што и кажав, ама не си побарал доволно. VB вика провери си како е лиценцирањето кај guest OС-от што сакаш да го користиш. Е тука Микрософт вика не ме интересира дали ке го користиш на реален или виртуелен хардвер, мора да имаш лиценца. Уште повеќе што токму специфично за ОЕМ лиценците, кои доаѓаат прединсталирани на компјутерите, у нивната EULA стрикно пишува дека се NOT TRANSFERABLE. Кај Виндоус 7 малце попуштија и досзволуваат (ако најдеш начин Микрософт не дава супорт) да го користиш и прединсталираниот ОС 7ца во ВМ ама ако веке имаш легална лиценца.
        Во секој случај знам дека повторно ке контрираш, пробарај малку по интернет, за лиценцирање под виртуелни машини, а и пробај она што ти реков. Стај ВМ, еве кај мене у фирма и потпиши на нотар дека кривично и материјално ти ќе одговараш, и ке викнеме инспекција. Ако не казнат и плус Пепељуговски и БСА ако не одерат на суд, ти ке платиш се, ако испаднеш у право јас ке ти платам тебе, и од тогаш натака цела македонија ке процвета.

      5. А да те прашам телефонот односно смарт фонот што го користиш на име на фирма, има лиценциран софтер или не ? Конкретно ако користиш Windows телефон плаќаш лиценца или не ?

      6. Не користам смартфон со Виндоњс, а иначе да, лиценцата е платена, или договрено да биде платена како процент од секој продаден телефон. Таков е случајот со Нокиа, која ке плака одердеен процент од секој продаден смартфон со Виндоус ОС на него. Ден за патентни права дел за ОС-от.

      7. Поентата ми беше од каде ќе знае некој дали користам лиценцирам софтер на мојот смартфон. Јас како негов корисник што сакам можам да му правам. Кој сакам windows можам да го користам на него, или пак било кој друг ОС за смартфон.

      8. Ајдееее кај отидовме. ОК. Да правиме само легаално муабет, другото се е надвор од рамките на овој сајт, натпис итн… Правно легално, да твој е компјутерот, смартфонот или бил кој друг уред. Правно легално, да можеш што сакаш да правиш со него, и да ставаш кој сакаш ОС или програм или било што… Се до оној момент додека не загрозиш или повредиш авторски права на трета страна. Во тој момент ти веќе си направил прекршок. Дали ке те фатат или не, тоа е ирелевантно. Еве на пример јас можам да отидам во инспекција и да речам Коста има на неговиот смартфон нелегален софтвер. Они по сила на закон (можат да постапат) и Во присуство на полиција, да ти заѕвонат на врата и да речат имаме такава и таква дојава, и имаме право согласно тој и тој закон, Ве молам дајте ги сите телефони дома, и плус полицијата може и претрес да направи итн… И ете ќе те фатат. Сега кажав ептен драстичен случај, ама поентата е јасна мислам. Неможе врз база на тоа што имаш сопственост над некој уред да кршиш права на трето лице, само затоа што уредот е твој.

      9. Нели. Цело време и јас тоа го викам. Мораш да имаш легален Windows дури и да го користиш под виртуелна машина.

      10. А инаку со уредот буквално може да правам што сакам. Лиценцата важи само за софтверот а на за уредот. Кога купувам смартфон или некој друг уред не приметувам баш некоја посебна ознака дека користи лиценциран софтер,Кога ќе ми покаже лиценца за тој софтвер на тие уреди , нема проблем.

      11. Пак не ме разбра. Можеш ти со телефонот да праиш баш што сакаш, ако сакаш тресни и од земја твоја работа. ама неможеш да земеш пиратска копија од некој ОС или програм и да ја инсталираш. Т.е. можеш ама не е легално. А иначе има на сите телефони лиценца за користење по тоа упатствата, ама кој да ја чита :) Не дека е баш се дозволено. Зависи од правната рамка на земјата.

  7. Еден професор на училиште велеше дека има дупка во законот, и дека на машина со Linux да инсталираш виртуелна машина и на неа пиратски Windows и потоа на виндоусот што сакаш снимај.

    1. Толку знае тој професор. Тоа не е дупка у законот, тоа е проба за заобиколуваење и исто толку нелегална колку и темата на текстов. Кога ке инсталираш било која виртуелна машина, секогаш пишува. што е и нормално, дека за легалноста на Guest OS-от што ќе го користите под VM сами сте си одговорни, т.е. ако треба да е лиценциран онда треба да е лиценциран и за користење под VM.

  8. Дали е некој знае дали инспекциите ја проверуваат легалноса на MP3 датотеките? И тука на некој начин се прекршуваат авторски права, бидејки тие MP3-ки во најчест случај пристигнале на нелегален пат во секој компјутер

    1. Ti si slusnal li za reklama sto znaci reklama , peacite plakaat po radio stanicite i tv kanali da im se vrtat nivnite pesni za da stanat hit a ti baras avtorski prava na niv za vo kompiuter , ustvari kaj nas moze i za nekoi licni sliki sto se slikame tamu vamu do poznati obelezja spomenici i slicno najverojatno treba prvo da pobarame avtorsko pravo pa potoa da se slikame ako e taka. A za legalen operativen sistem postuem da treba da se koristi , mada i toa ne treba da go zastituvaat inspektori ako e prav programer ke si najde nacin da si go zastiti samiot toj sistem od bilo kakvi piraterii.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии