Бизарен Facebook и пропусти во приватностa

{mosimage} На профилот на Питер Смит се појави реклама „Еј Питер, жешки девојки чекаат на тебе!!“, една од многуте реклами на Facebook за агенциите за состаноци, која е со краток текст и една слика од симпатична девојка. Но г-дин. Смит не верува дека таа девојка е самец бидејќи на сликата е неговата жена!

Не, ова не е приказна за неверство или нешто налик на шпанска серија. Ова е случај на пропуст во приватноста каде апликација од трета страна, а не од Facebook користи слики од корисниците за рекламирање на нивни пријатели.

„Сменете си ги Facebook Settings или… Неодамна на мојот сопруг му се појави оваа реклама на неговата Facebook страна. Добро е што и двајцата имаме смисол за хумор“ пишува Шерил Смит на својот блог.

{mosimage}

Kако што споменав во овој случај не се работи за реклама на Facebook. Откако се појави приказната на Endofweb, Facebook се огради и рече дека ова е реклама од апликација од трета страна која ги прекршила правата за приватност и ги злоупотребила податоците со цел да се рекламира. (првиот коментар на Endofweb е коментарот на вработениот од Facebook)

Но, Г-ѓа. Смит не за џабе ги споменува Facebook опциите бидејќи секој корисник по зададено, кога ќе се регистрирате вие се согласуватедека вашите слики и податоци можат да бидат искористени за рекламите на Facebook. Претходно имаше голема незадоволство од корисниците за приватноста и „Условите на користење“ на Facebook.

Во секој случај, како да се заштитите вашата слика да не се појави во некоја реклама?

Отворете го вашиот Facebook профил и горе десно кликнете на Settings -> Privacy -> News Feed and Wall -> Facebook Ads. По зададено таму стои „Оnly my Friends“. Сменете го во „No one“ и кликнете на „Save changes“.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии