Битолското студио Kamai Media објави тизер за својата нова игра Sonder

Sonder е игра без главни ликови, без негативци. Само избори. Научно-фантастичната авантура на битолското студио Kamai Media е малку поразлична игра во која играчот е слободен и охрабрен да преземе контрола врз други ликови за да ја креира приказната од нова гледна точка. Идејата зад ваквиот наратив е да се покаже дека еднa индивидуа, или во овој случај, еден карактер од играта, суди според неговата перцепција и неговата перспектива.

„Кога играте како некој лик во приказната, вие ги правите изборите наместо него – и тие избори имаат влијание врз состојбата на светот во играта, врз другите ликови и дури врз самиот лик кој го контролирате. Вашите избори во приказната ќе одлучат кој, ако некој воопшто, ќе ја преживее авантурата раскажана во играта.“, вели Петар Котевски, основач на Kamai Media.

Ако некоја одлука изгледа ирационална, ако се ставите во улогата на тој карактер тогаш таа ќе добие смисла. Конечното прашање е дали постои лоша или добра одлука, или се зависи од околностите под кои е направена. Името Sonder доаѓа од Џон Коениг кој во The Dictionary of Obscure Sorrows го опишува моментот кога станувате свесни дека и на случајните минувачи животот им е доволно искомплициран од изборите кои ги имаат направено.

Во играта настаните се случуваат во реално време, без врска дали играчот интервенира. Тој може да се движи слободно низ просторот, да отвара дијалог со другите карактери и да употребува објекти. За да понуди алтернативен избор, нешто што го немаме во вистинската реалност, постои опција за „враќање на времето“ за да може да се направи промена на изборот, и иако нема најдобар избор, ова му дава можност на играчот да си ја направи својата приказна.

Играта звучи навистина интересно, но за жал таа во моментот е во рана, пре-алфа фаза на развој, и постои само прототип со кој Петар се обидува да привлече заинтересирани издавачи. Kamai Media како компанија беше основана пред година и половина откако доби награда од Владата за најдобар бизнис план.

„Бараме издавачки партнер кој би ја дофинансирал изработката. Веќе имаме започнато контакти, и се надеваме дека до крајот на годинава ќе имаме повеќе вести.“, вели Петар.

5 коментари на “Битолското студио Kamai Media објави тизер за својата нова игра Sonder

  1. НАвистина интересна. ЈАс размислував за нешто вакво, како би изреагирале луѓето во различни однесувања.
    Башка мултиплеер ќе биде поинтерсно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии