Спонзориран текст

Битола и Охрид – новите ИТ центри во Македонија

Спонзорирано од Netcetera

во feature, ИТ.МК, Спонзорирани

Долг период бевме сведоци на миграцијата кон Скопје во поглед на едукација и работа, особено во ИТ секторот. Како една од главните причини се наведуваа централното позиционирање на образовните институции и самата понуда на работа, земајќи во предвид дека концентрацијата на ИТ компании и поврзани настани примарно е во главниот град. Доколку некој како дипломиран студент/ка од некој од техничките факултети сакаше да добие пракса или работа во ИТ индустријата, изборот беше лимитиран и сите патишта водеа кон Скопје.

Но, последните години може да се забележи промена. Се отвораат факултети и едукативни центри како и претставништва на ИТ компании и надвор од главниот град кои почнуваат да нудат квалитетна програма која ќе им овозможи на студентите и ИТ професионалците да се стекнат со посакуваното знаење и позиција без да мора да мигрираат во главниот град подалеку од средината во која што се чувствуваат вистински дома. Трендот на тоа дека сѐ повеќе студенти завршуваат студии надвор од Скопје секако ги раздвижи и интересите на компаниите. Ако претходно на прсти можеа да се избројат ИТ компании надвор од Скопје, денес овој број е значително поголем. Сѐ поголем број на компании се охрабруваат да отворат свои претставништва и да понудат работни позиции и можности за пракса и обука на помладите во помалите градови, а со ова и директно да влијаат кон заживување на ИТ сцената во градовите каде сѐ почесто гледаме настани за споделување на знаење и иновации, митапи, стартапи и сл.

Како една од компаниите кои веќе покрај канцелариите во Скопје има отворено седишта во Скопје и Битола ја издвојуваме Netcetera и разговаравме со Владимир Трајковски и Климент Јончески кои споделија со нас зошто се одлучиле за студии во Скопје, а потоа својата кариера ја продолжуваат во Битола и Охрид.

 

Владимир, како изгледа твојот работен ден? Кои се твоите работни обврски во Netcetera?

Владимир: Работниот ден секогаш го започнувам со кафе и тоа е единственото нешто кое е константно за секој работен ден. Останатото многу зависи од тоа во која фаза од моменталниот проект се наоѓаме. Доколку сме на почеток на проект, најчесто сум зафатен со поставување на потребните технологии и архитектурата околу системот кој ќе го работиме. Во фазата на развивање доста често ме чекаат 10+ pull request-и за прегледување и голем број на состаноци со клиентите за разјаснување на функционалностите кои се побарани. При крај на проектот, најчесто сум окупиран со потврдување на квалитетот на софтверот, адресирање на некои технички работи за кои не сме имале време во текот на развивањето и начини на кои може да се подобриме за идните проекти. Дополнително, имаме и летна, есенска и пролетна пракса за студентите од техничките факултети па доста време поминувам и со нив за поддршка и менторство при развивање на проектите за време на нивната практична работа.

Колкав тим работи во Netcetera Битола и на какви проекти претежно работите? Со кои технологии?

Владимир: Во овој момент во Битола сме 8 вработени и како што споменав претходно, повеќе пати во годината имаме 3-4 практиканти, кои со нас имаат шанса да искусат како е да се работи на реални софтверски проекти. Проектите кои се работат се различни односно не работиме сите на ист проект. Имаме двајца колеги кои работат на iOS и Aндроид апликации за мобилно банкарство, тројца, меѓу кои и јас, на веб апликации (Spring + React) и двајца работат на сервис за дигитално потпишување на pdf документи (Spring Boot + iText). Покрај тоа имаме и еден вработен задолжен за администрација и логистика во канцеларијата. Работата е дополнително интересна поради фактот што сме интернационална компанија, соработуваме со клиенти од целиот свет, тимовите ни се дистрибуирани и работиме со колеги од Швајцарија, Австрија и Германија.

Дали имате потешкотии во наоѓање стручен кадар за канцеларијата во Битола? И на што се должи тоа?

Владимир: Не би рекол дека имаме потешкотии за наоѓање стручен кадар во Битола, но одѕивот не е на исто ниво како во Скопје. Канцеларијата од еден вработен веќе прерасна на осум, потенцијално и девет вработени, за период од една година што воопшто не е малку. Помалиот број на апликации за работа во градовите надвор од Скопје и помалиот број на апликации од жени во IT секторот е нешто на што работиме да се промени, затоа и сакаме да ги охрабриме софтвер инженерите во Битола да ја искористат шансата и да аплицираат на нашите отворени огласи за работа.

Универзитетското образование си го завршил во Скопје и кариерата си ја почнал во канцелариите на Netcetera во Скопје. Подоцна се селиш во канцелариите на Netcetera во Битола и сега си главен одговорен на истите. Зошто на самиот старт си се одлучил за студии и работа во Скопје, а не Битола?

Владимир: Примарна улога во тоа време имаше докажаниот квалитет на образованието во Скопје и насоката која во тој момент беше доста хит, ИКИ. Во Битола побавно се прифаќаа промените кои се случуваа во дигиталната доба во која живееме, а факултетот во Скопје беше повеќе докажана институција, па мислам дека одлуката да студирам во Скопје во тоа време беше оправдана. Покрај образованието се стекнав со големо животно искуство за тоа како е сам да се грижиш за сите обврски од финансиски (не)планирања , до справување со дневните обврски кога некој живее самостојно. Сега работите се изменети, а веќе Netcetera започна и соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола.

Дополнително, зошто се одлучи и да се преселиш од Скопје назад во Битола?

Владимир: Одлуката да се вратам во Битола беше поради тоа што поголем дел од пријателите и роднините ми се во Битола, барем оние кои останаа во Македонија , а најбитно од се беше што мојата девојка во тоа време, сега веќе сопруга, не можеше да се пресели во Скопје, па решивме јас да се вратам во Битола бидејќи сепак нашата професија е доста пофлексибилна во однос на местото во кое работиме. Исто така имам желба да помогнам колку можам во тоа Битола да си го врати стариот сјај кога беше град на конзулите, а тоа најдобро може да се направи доколку сум во Битола.

Според твое видување, дали се менува ситуацијата на пазарот на труд во помалите градови во Македонија? Дали забележуваш поголема понуда за работа во ИТ секторот надвор од Скопје?

Владимир: Ситуацијата на пазарот секако дека се менува, доста ИТ компании имаат свое претставништво во Битола и веќе не е ситуацијата иста како до пред 4-5 години кога истите се броеја на прсти. Покрај тоа, веќе почнаа да се случуваат и ИТ настани каде што може да се разменат искуства и идеи, има и случувања за презентација на стартап идеи и сл. Имам чувство дека работите одат на подобро односно пазарот станува доста разновиден и интересен. Се надевам дека и општината ќе вложи и во подобрување на патната инфраструктура и ќе олесни сите кои се заинтересирани да можат да ја посетат Битола и околните природни убавини кои ги нуди, додека пак во центарот на градот ќе стимулира повеќе користење на велосипеди. Според мене не е се во тоа само да има работа во ИТ секторот, или било кој друг сектор, треба да има и нешто кое што ќе не окупира надвор од работното време и ќе ни ги наполни батериите, било да е тоа излет во природа или некој културен настан. Морам да заклучам дека можностите во ИТ секторот се повеќе се зголемуваат а дефинитивно голем удел имаат компаниите кои почнаа да инвестираат надвор од Скопје.

 

Климент, на кој проект работиш моментално во Netcetera?

Климент: Моментално работам развој на мобилни апликации. Главниот фокус ми е изработка на Андроид апликации од областа на мобилно банкарство и дигитално плаќање. Секојдневната работа вклучува имплементација на функционалности, интеграција со трети системи, комуникација со клиенти, анализа и естимации.

Голем дел од моите обврски се и менторирање на помлади колеги и работа со практиканти. Практичната настава е нешто на кое посветуваме големо внимание во Netcetera. Ние навистина им даваме шанса на студентите да се стекнат со практична работа на реални проекти. Благодарение на нашата заедничка соработка, голем дел од од нив се сега наши вработени.

Но, моите работни задачи не застануваат тука, дополнително ја одржувам и Андроид инфраструктурата во Netcetera.

Живееш и работиш во Охрид. И покрај тоа што во Охрид постои факултет за Информатички Технологии сепак своите студии си ги завршил на ФИНКИ. Зошто се одлучи да одиш на студии во Скопје?

Климент: Во моментот кога се запишував на ФИНКИ истата година се отвори факултетот во Охрид. Познавајќи го квалитетот на факултетот во Скопје според искуствата од постари колеги се одлучив за ФИНКИ (се запишав на ФЕИТ, па подоцна студиите ги завршив на ФИНКИ). Немав доволно информации за факултетот во Охрид или некој што може да го сподели неговото искуство со мене. ФИНКИ сѐ уште е одличен факултет за информатички науки, но се разбира дека и останатите технички  факултети нудат привлечни студиски програми и дополнително ме радува фактот што има можност за студирање надвор од Скопје. На крајот на денот најважно е кој колку труд ќе вложи за време на студиите, неговата самостојна работа, работата и развој на предизвикувачки и интересни семинарски проекти, експериментирање, учење нови технологии и слично.

Зошто пак одлучи да се вратиш од Скопје во Охрид со работа и живеење?

Климент: Хм, не ми беше баш најлесна одлуката. Мислам дека повеќе фактори имаа улога во тоа што се вратив во Охрид. Дел од причините можеби беа финансиски. Исто така добив привлечна понуда за работа во Охрид, а мислам дека и не го засакав Скопје за време на студиите. Покрај тоа поголем дел од колегите со кои се дружев и студирав се вратија во Охрид со работа и живеење. Сите овие работи мислам дека придонесоа да продолжам со работа и живеење во Охрид.

Дополнително, во Netcetera проектите и тимовите се интернационални. Тоа вклучува колеги од Швајцарија, Австрија, Германија, Дубаи итн. Поради ова имаме потреба од работа со тимот на едно место за разни работилници и состаноци па често пати може да се направи спој на работа и патување надвор од Охрид .

Според твое видување, каква е ситуацијата со понудата на работа во помалите градови во Македонија, поточно Охрид? Дали во последните години има зголемен број на компании кои отвораат канцеларии надвор од Скопје?

Климент: Охрид последните десетина години станува се поатрактивен за компаниите да отвораат свои претставништва. Морам да признам дека универзитетот за информатички науки и технологии – Св. Апостол Павле, има голема улога во тоа. Но, не само факултетот туку и самите компании придонесуваат кон развој на локалната ИТ заедница. Во поглед на тоа, Netcetera има соработка со факултетот, нуди пракса во текот на целата година, менторирање и можност студентите да се стекнат со практично знаење. Дополнително, Охрид е многу привлечен и убав град за живот. Мислам дека и тоа придонесува кон зголемена заинтересираност на компаниите да отворат канцеларии во Охрид, а со тоа да придонесат кон проширување на понудата за работа.

Што се однесува до останатите градови во Македонија, имам чувство дека интересот се зголемува кај компаниите, кои полека почнаа да отвораат свои канцеларии. Успешен пример за тоа, е и отворањето нашата канцеларија во Битола.

Покрај тоа познавам и поранешни колеги кои решиле да отворат своја компанија надвор од Скопје а со тоа и да вработат луѓе од ИТ сектор. Генерално условите на ИТ пазарот одат во позитивна насока кога станува збор за работа надвор од Скопје.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии