Биткоините се незаконски во Македонија, вели гувернерот Богов

Трговијата на биткоини во Македонија е незаконска, вели гувернерот на Народна банка на Македонија, Димитар Богов, во интервју за Капитал. Неговата изјава доаѓа откако платформата за тргување FXLider им дозволи на македонски корисници да тргуваат со биткоините, чија променлива вредност деновиве е околу 800 долари. Пред година дена еден биткоин чинеше само десетина долари. Г. Богов и претходно ги критикуваше дигиталните пари како „контроверзни и со ризици“.

“Во Македонија законско средство за плаќање во готовинскиот и безготовинскиот платен промет е денарот. Платниот промет со странство се одвива преку носителите на платен промет, а тоа се банките. Оттука, тргувањето со биткоин или негово користење за плаќања во Македонија e незаконско. Она што се случуваше со биткоинот во 2013 година кога неговата цена се зголеми од неколку десетина долари на близу илјада долари укажува на креирањето на меур. Не постои финансиско средство кое може да оправда толкав пораст на цената за толку кратко време”, вели гувернерот Богов.

Биткоините се дигитална валута во систем, креиран од непознат автор Сатоши Накамура, и ограничен на 24 милиони биткоини. Во моментот во опсег се околу половина од тие кодови, „ископани“ со моќни машини кои пресметуваат сложени математички задачи. Секој биткоин е анонимен, не се знае кој го поседува, но истовремено може да се следи во мрежата. Иако оваа дигитална валута е пофалена како технологија која може да го промени светот, сепак македонскиот гувернер вели дека тие не смеат да бидат пред денарот. Според г. Богов, биткоините се вредни во моментов само поради еуфоријата околу нив.

“Паралелно со нормализирањето на монетарните политики на главните светски економии и враќањето на довербата во нивните валути ќе се намалува ентузијазмот за алтернативни средства за инвестирање меѓу кои и биткоинот”.

[youtube]EA0LkCkvUeU[/youtube]

140 коментари на “Биткоините се незаконски во Македонија, вели гувернерот Богов

  1. Добро а што е трампата (размена на добра) во нашава јадна држава??? Дали и таа ќе ја прогласи Богов за нелегална? Колку што знам нема ми законска регулатива за било какви ограничувања на Биткоинот, па како може Богов да го прогласи биткоинот за нелегален кога воопшто не е спомнат ни регулиран во ниеден закон? Или се што не можат да оданочат во нивни очи е нелегално? Трн во очи им е некој да заработува а тие да не можат да го рекетираат. Бог да чува од овие наши ретардоси.

  2. neka zabranat se novo vo mk, neka prodolzat da sabotiraat paypal i slicno, neka rabotat site za bankite, namesteni tenderi malku im se…

    neka prodolzat da go gradat zidot a potoa ke se ugusat samite, koj e pameten ke izbega od ovoj anticki temen vilaet.

    kade ke vi odi dusata bezdusnici licemerni?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии