Биткоин ја достигна највисоката вредност до сега; еден токен вреди 270 долари

Дигиталната валута биткоин достигна вредност од 267 долари за еден биткоин, што е највисока размена досега. Успешното закрепнување на валутата доаѓа еден месец по апсењето на основачот на црниот пазар Silkroad, кое сериозно ја намали нејзината вредност.

Биткоин е децентрализирана виртуалната валута на која често се гледа како нов тип на пари. Дигиталниот токен со кој може да се купуваат работи на интернет или да се заменува во офлајн светот преку електронски уреди, не е поврзан со банките, туку е креиран од корисниците кои на својот компјутер решаваат математички проблем, а секој пат кога проблемот ќе биде решен корисникот е награден со монета. Секој од 10-те милион биткоини пуштени во употреба до денес, е всушност уникатен регистарски број кој се префрла од дигиталните новчаници на корисниците. Биткоините одат во виртуелни поштенски сандачиња на корисниците за кои не постои регистрација, па ова овозможува целосна анонимност.

Брзото закрепнување на биткоин е добра вест за подржувачите на дигиталната валута, кои стравуваа дека валутата тешко ќе успее да го преживее ударот кои и го нанесе поврзувањето со криминалот на Silkroad. Во акцијата во октомври FBI заплени биткоини во вредност од 3,6 милиони долари, а вредноста на валутата падна на 110 долари. Отворањето на првите банкомати за биткоини и зголемената присутност во медиумите последниве недели ја зголеми цената на валутата, а ваквата флуктуациите и можноста за заработка ќе ги направат биткоините поинтересни за инвеститорите.

[youtube]Um63OQz3bjo[/youtube]

2 коментари на “Биткоин ја достигна највисоката вредност до сега; еден токен вреди 270 долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии