Биткоинoт е неуспешен експеримент, вели влијателен развивач

Биткоин е неуспешен експеримент, вели Мајк Хрн кој долго време работи како развивач на крипто-валутата и еден од најчесто цитираните експерти за биткоини. „Иако цело време знаев дека биткоин ќе биде неуспех, заклучокот дека е неуспех ме растажува. Темелите се погрешно посетавени и без разлика што се случува со цената краткорочно, на долг рок таа ќе паѓа. Повеќе нема да бидам дел од развојот на биткоин. Ги продадов сите“, вели г. Хрн во пост на Medium.

Причините за неуспехот на крипто-валутата ја гледа во неможноста да биде креирaна потполно слободна и децентрализирана валута. Иако креаторите на peer-to-peer софтверот за биткоини тврдат дека станува збор токму за ова, и дека софтверот зад валутата е со отворен код за да може сите да го користат, сепак можности за промени врз технологијата имаат само пет луѓе. „Дел од проблемите се развивачите на Bitcoin Core софтверот кои одбиваат да ги направат потребните промени. Вториот проблем се рударите кои одбиваат да се префрлат на конкурентни крипто-валути, а на ова гледаат како на изневерување…“

На почетокот, вели тој, собирањето на биткоини беше едноставно и сите можеа да учествуваат. За жал, денес обичните корисници повеќе не собираат биткоини, бидејќи опремата и компјутерите за нивно собирање се прескапи. Двајца индивидуалци контролираат 50 отсто од мрежата за „рударење“, односно решавање на сложени математички задачи за вметнување на биткоини во опсег. Ако сметате дека има повеќе индивидуалци кои ги користат своите компјутери, во право сте, но пресметковната моќ потребна за еден биткоин сега е далеку поголема, па комјутерите се собираат во групи, кои се централно контролирани. Дополнителен проблем со крипто-валутата е што најголем дел од рударите се лоцирани во Кина, а заради лошата инфраструктура и „Great Firewall of China“, прaви префрлањето на податоци да биде отежнато. Дополнително поради страв и алчност рударите од Кина се обидуваат да го намалат зголeмувањето на собирачи на биткоини.

Иако г. Хрн ги напушта оваа дигитална валута, дел од неговите забелешки вродија со плод. Неколку групи веќе работат на креирање на алтернатива на Bitcoin Core кој ќе овозможат вистинска децентрализација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии