Bitcoin повторно расте, крипто-валутата поставува нови рекорди

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Bitcoin повторно надмина 5.000 долари и поставува рекорди. Криптовалутата достигна и 5.855 долари, со што 1 биткоин сега е над 4  пати повреден од 1 унца злато.

Причината за брзиот раст на криптовалутата е објавата на една од најголемите берзи на криптовалута во САД. Coinbase објави дека овозможува купување на криптовалути со трансакција директно од банките. Максималната висина на овие трансакции е ограничена на 25.000 долари. Досега купувањето беше возможно единствено преку платежни картички.

Новата функционалност овозможи купување на повеќе bitcoin што предизвика поголема побарувачка и раст.

Image: Coindesk

Годината започна со вредност на Bitcoin нешто пониска од 1.000 долари. Во средината на септември валутата за прв пат достигна 5.000 долари. Одвај две недели подоцна, пад од 2.000 долари на 3.000.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии