Bitcoin ја надмина и границата од 4.000 долари

Bitcoin ја надмина и границата од 4.000 долари. Ова е највисоката вредност која крипто-валутата да ја достигнала, од нејзиното креирање во 2009 година. Во моментов вреднoста на валутата е околу 4.040 долари, а максималната средна вредност од трансакциите во еден момент, на 13 август, достигна и 4.225 долари.

Image courtesy of Coindesk

На почетокот на месецот вредноста на крипто-валутата беше 2.700 долари. Предвидувањата се дека до крајот на годината, крипто-валутата ќе достигне вредност до 5.000 долари. Во моментов изгледа дека предвидувањето за цена од 5.000 долари за 1 bitcoin може да биде и многу поблиску од крајот на годината.

Интересно, цената на Bitcoin е пропорционална и со пребарувањата за крипто-валутата на Google, пренесува Quartz. Засега за брзиот раст на цената на bitcoin има неколку теории.

Првата е дека крипто валутата успеа да ја преживее поделбата на Bitcoin и Bitcoin Cash. Голем дел од инвеститорите ги продаваат вторите и ги купуваат првите. Поради ова цената на Bitcoin Cash се намалува, но Bitcoin расте.

Втора можност за растот е дека дигиталната валута го менува златото, како сигурна инвестиција во случај на криза. Опасноста од конфликт помеѓу САД и Северна Кореја, но и најавата за нови бегалци во Европа, можеби влијаат на поголема инвестција во Bitcoin.

Поголем интерес за крипто-валутата има и од институциналните инвеститори. Инвеститорите кои инвестираат во хартии од вредност, недвижен имот и други инвестициски средства или заеми, по поделбата инвестираат во крипто-валутата. Тука спаѓаат и банки, пензиски фондови, инвестициски советници. По релативно безболната поделба, овие инвеститори ги зголемија своите инвестиции.

Сепак, аналитичарот Крис Бурниске предупредува на внимание. По секој раст на крипто-валутата следи вртоглав пад. Најголем забележан пад е во 2011 година кога биткоинот загуби 93% од својата вредност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии