Бионичката рака ми го врати животот

„Бионичката рака ми го врати животот“ вели Најџел Акланд кој ja изгуби својата рака во незгода при работа пред шест години. И покрај бројните операции, сепак единствено што докторите можеле да му надокнадат е да му стават метална кука наместо рака. Поради ова, како што самиот вели, западнал во тешка емотивна состојба. Среќата му се променила минатата година кога била прифатена неговата апликација за тест период за протетичката рака Bebionic 3.

Бионичката рака реагира на движењата на мускулите од раката, а покрај зглобот на раката кој се врти за 360 степени, се поместуваат и прстите. Има и неколку нивоа на притисок. Протетичката рака Bebionic е одлична потврда за тоа како технологија помага за подобрување на квалитетот на животот. Конечно и оваа технологија е потврда на идејата на Артур Вард – „Ако можете да замислите, можете и да го остварите…“.

Презентацијата на Bebionic 3 протетичката раката од RSLSteeper ја направи на Global Future 2045 International Congress под покровителство на рускиот милионер Дмитриј Итсков.

[youtube]_qUPnnROxvY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии