Бионичка рака може да го врати чувството за допир

Нова подобрена верзија на бионички раце ќе им помогне на луѓето со ампутирани екстремитети да имаат подобра интеракција со светот. На новата верзија работат два тима едниот од САД, а другиот од Европа, кои сакаат да им овозможат на корисниците да имаат делумен осет на допир со што ќе можат да управуваат со стисокот на раката, јави BBC.

Тимот од САД ги прикачува нервите на 19 различни точки и тие добиваат сигнали од бионичката рака, а со тоа и чувство на допир. Со помош на ова пациентите можат и да одредат дали држат мек или цврст предмет, рапав или мазен, па дури и да извадат рачка од вишна без притоа да го смачкаат плодот.

Тимот од Европа работи на прицврстување на раката директно на коската, креирајќи врска помеѓу титаниумски дел и коската за прв пат до сега. Понатаму на бионичката рака се поврзуваат мускулите и нервите, што овозможува поголема контрола и директна комуникација помеѓу протезата и телото.

Дополнително бионичките раце од двата тима ја прекинуваат фантомската болка која се јавува во екстремитетот кој недостасува.

„Доверлива комуникација помеѓу протезата и телото е алката која недостасуваше за клинички да ја имплементираме нервна контрола и сензорски повратни врски, а ова е сега можно“, вели Др. Накс Ортиз Каталан.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии