Отклучување на уред преку препознавање на лице не е баш најсигурен метод

Куповите фотографии на социјалните мрежи како Facebook, Instagram, па дури и LinkedIn се сериозен предизвик за биометриското заклучување.

Препознавањето на ликот со помош на камера е еден од новите методите за отклучување на уредите како Samsung Galaxy Note 7 и најверојатно очекуваниот iPhone 7. Истражувањето на Универзитетот Северна Каролина во САД, покажува дека ниту овој нов метод не е безбеден. Тим од 20 волонтери собираше фотографии од социјалните мрежи, па потоа рекреираше 3Д-модел и креираше анимации на лицето.

Ова беше доволно за истражувачите да го „излажат“ софтверот за препознавање на ликот, вели Digitaltrends. Тимот успеа да ја помине заштитата дури и кога немаа доволно слики за реконструкција на целиот лик. Во овој случај тимот импровизираше со сенки и текстури.

„Можеме да ги употребиме онлајн сликите на учесниците, а мислам дека ова е застрашувачки.“, вели Тру Прајс еден од истражувачите на прокетот.

Тимот го тестираше најчесто користениот софтвер за препознавање на ликови како: KeyLemon, Mobius, TrueKey, BioID и 1D.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии