Биохакери си инсталираат чипови кои им ја осветлуваат кожата

Последен тренд меѓу биохакерите е инсталирањето на LED диоди под кожа, кои ќе бидат своевидна имитација на осветлувањето кое го прават животните во природата. Новите модифицирани чипови се наводно безбедни за инсталирање во луѓе, што им дава можност на биохакерите да ја постигнат својата цел – да се претворат во идните луѓе, своевидни киборзи.

Имплантот Northstar V1, со големина на монета од две евра, е креиран од Grindhouse Wetware од Питсбург и е надградба на Circadia 1.0. За прв пат беше вграден во ординацијата на Јован Остерлунд од Дизелдорф, пренесува Motherboard. „Нашиот прв прототип Circadia, беше толку луд што при здрава совест можев единствено да експериментирам на себе. Но, последната серија на Northstar чипови можеме да ги понудиме на повеќе луѓе“, вели Тим Канон, еден од основачите на Grindhouse Wetware.

1447093963115141

Она што чипот го овозможува е персонализација и дополнително украсување на постоечките тетоважи, што беше и барање од биохак заедницата. Вклучувањето е едноставно и се прави единствено со поминување со магнет преку имплантот. Така чипот може да се вклучи и да ја осветли тетоважата, бидејќи диодите се доволни силни за светлото да ја пробие кожата. Батеријата овозможува 10.000 вклучувања, но потоа треба да се полни.

Засега модовите кои ги користат биохакерите се единствено украсни, но се чини дека прашање на време е пред да започнат со „инсталирање“ на употребливи чипови. Финалната верзија на Northstar на пример ќе овозможи собирање и испраќање на биометриски податоци како податоци за крвната слика, крвниот притисок или шеќер во крв. „Не можам постојано да се потпрам на мојот мозок,“ вели г. Канон. „Но можам да имам доверба во податоците кои моето тело ги произведува. Денес нашите креации можеби изгледаат како лажни производи, но кога ќе успееме да развиеме евтини срцеви импланти кој автоматски ви предупредува пред срцев удар, сите ќе сакаат нашите уреди“.

*Видеото содржи сцени кои може да ве вознемират.

1 коментар на “Биохакери си инсталираат чипови кои им ја осветлуваат кожата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии