„Bing spotlight“ е нов начин на презентирање на вестите

Дејан Соколоски

во Веб

Bing Spotlight е нова функционалност на пребарувачот од Microsoft која на корисниците ќе им покаже како некоја приказна еволуира и се менува низ времето. Деловите од Spotlight се одбираат со помош на вештачка интелигенција, но конечна одлука имаат луѓе куратори.

Функционалноста на врвот на листата на резултати од пребарувањето прикажува слајдер од последните  вести поврзани со темата, времеплов, и листа на различни погледи од различни медиуми. На крајот од Spotlight блокот се релевантни објави од друштвените мрежи.

Spotilight е достапен на десктоп и на мобилната верзија на пребарувачот на Microsoft, иако најверојатно поголем дел од темите сè уште немаат ваква секција.

„Во Bing сакаме да им овозможиме на корисниците да добијат повеќе информации за приказните во помалку време. Затоа го направивме Bing Spotlight…
Довербата на приказната во вестите кои ги презентираме е најважна за Bing и посветени сме на обезбедување на целосен приказ на вестите од различни, квалитетни извори“, вели Microsoft на блогот на Bing.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии