Bing претстави визуелно пребарување

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage} Денес е интересен ден за интернет гигантите и пребарувањето. Денес на ТechCrunch50 конференцијата Google го престави Fast Flip, а Microsоft го престави визуелното пребарување на Bing. Тоа што ги поврзува и двете новини е повеќе фокусирање на визуелниот ефект при пребарувањето, каде текстот е само споредно нешто. Во случајот на Bing, текст воопшто и нема.

Визуелното пребарување на Bing е уште во бета фаза и мора да се инсталира Microsoft Silverlight апликацијата за да се користи ова пребарување. Исто така дата базата е мала само со информации од САД, сега за сега.

Со оваа опција можете да пребарувате според категории, па откако ќе добиете илјадници слики можете да ги средите според почетна буква и други карактеристики. Јас пребарував за највпечатливите машки негативци во холивудските филмови, и го добив овој резултат.

{mosimage}

Откако ќе си го средте пребарувањето, кликнувате на сликата и Bing ви ги дава стандардните резултати од текстуалното пребарување. Пример ако кликнете на сликата на Џокер (Џек Николсон) ги добивате следниве резултати.

Визуелното пребарување изгледа одлично, пребарувањето е позабавно од текст во секој случај и е одлично за шопинг, можете да прегледувате производи и да ги групирате по категории… но доколку знете што барате ова пребарување е бескорисно. Сепак, тоа што е важно е дека ова е почетна фаза на развивање на ваквото сликовито пребарување.

„Целиот концепт е дека светот на интернето пребарувањето ќе се смени. Ќе биде пографички и тоа ќе биде основата како луѓето ќе пребаруваат.“ вели Јусуф Меди, подпретседател за онлајн сервиси на Microsoft.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии