„Дополнително, нудиме подобрено пребарување на луѓето на Bing, со што сега е полесно да се најдат старите пријатели или да се поврзете со нови. Сега кога ќе пребарувате на Bing, наместо прикажување на сите Матју Кимс ,Bing ќе ви најде порелевантни резултати за вас базирани на вашите Facebook конекции – тие со кои имате поврзани пријатели ќе се појават први. Bing ќе овозможи и да ги додадете тие луѓе за пријатели.“ пишува на Facebook блогот.

Вредноста на „подруштвеното пребарување“ е што секој побрзо би кликнал на нешто што им се допаѓа на неговите пријатели, одошто на некој рандом линк, затоа интегрирањето на друштвената мрежа во секојдневното интернет пребарување е интересен развој за споделувањето и важноста на информацијата/линкот. До сега интернет пребарувачите, и Google и Bing, прикажуваа Twitter резултати, Twitter е мал спореден со 500-те милиони Facebook корисници кои постојано споделуваат линкови и информации. Но од друга страна Twitter e јавен сервис. Проблемот на Facebook и Bing може да биде колку се расположени луѓето да споделуваат.

Тоа што е важно да се напомене е дека не секој кориснички Like ќе биде додаден во Bing. Инстант персонализацијата се уште е избор и доколку некој сака да остане надвор од пребарувачите ќе може да ја исклучи во опциите на Facebook.

Интересно, основачот на Facebook, Марк Зукерберг, изјави дека го одбрале Bing за соработка бидејќи е „аутсајдер“ на пазарот на интернет пребарувачи. Но, на страна од интересната изјава, партнерството со Microsoft започнува од 2007 година кога софтверскиот гигант инвестира 240 милиони долари за 1.6 проценти од друштвената мрежа. Toa партнерство ги одбра мапите на Bing за Facebook Places, а сега го стартува и „подруштвеното пребарување“.

Watch live streaming video from facebookinnovations at livestream.com

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии