Bing и Facebook го ставија Google во тесно

„Истражувањата ни кажуваат дека 90% од луѓето бараат совет од фамилијата и пријателите како дел од донесување одлука. Овој ‘Пријателски ефект’ е очигледен во многу одлуки и често ги натежува другите факти бидејќи луѓето се поуверени, попаметни и посигурни со мудроста на нивниот близок круг.“, вели Microsoft.

Освен што ќе може да се споделат добрите резултати од пребарувањето на Facebook, и тоа значи и поперсонализирано пребарување бидејќи Bing ќе ги истакне како први резултатите со „лајковите“ од пријателите, една од поинтересните работи во оваа соработка е што ќе може да се споделуваат продукти, и тоа неколку одеднаш, што е со огромна комерцијална вредност за Bing.

Bing ќе ги користи и информациите од Facebook профил, како на пример локацијата, така кога ќе пребарувате место и ќе ви се појави мапа, ќе добиете и информација кои од вашите Facebook пријатели живеат таму или блиску до тоа место, што е навистина кул опција.

<br /><a href="http://video.msn.com/?mkt=en-us&#038;vid=243216f7-9941-4f48-a2d0-2065e06a47b5&#038;src=SLPl:embed::uuids&#038;fg=sharenoembed" target="_new"title="Facebook Friends Now Fueling Faster Decisions on Bing">Video: Facebook Friends Now Fueling Faster Decisions on Bing</a>

Доколку не го сакате Facebook искуството на Bing, постои опцијата истото да се изгаси.

<br /><a href="http://video.msn.com/?mkt=en-us&#038;vid=d4847c17-86be-449f-89da-bc5ad973d7ce&#038;src=SLPl:embed::uuids&#038;fg=sharenoembed" target="_new"title="Bing Puts User Control at the Center of Search Experience">Video: Bing Puts User Control at the Center of Search Experience</a>

8 коментари на “Bing и Facebook го ставија Google во тесно

  1. Голема работа… На кој му треба лајк копче на резултати од пребарување? Не мислам да трошам време на пребарувањето повеќе… Ми треба да најдам нешто, а во тоа се подобри Google.

    1. Вака размислуваме јас, ти, и уште неколку други како нас. 90% од корисниците се всушност "обични смртници", ако така можам да ги наречам, во светот на пребарувањето. Мислам дека ми ја сфаќаш поентата.

    1. Не е за потценување, дури имаше негде студија која покажува дека БИНГ дава попрецизни резултати при пребарувањето. Не е ништо чудно, компании се раѓаат и умираат. Кој би рекол дека Јаху, МајСпејс, итн. ќе пропаднат?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии