Bing додаде одговори од Britannica, сè уште е далеку зад Google Knowledge Graph

Дејан Соколоски

во Веб

Microsoft реши да го подобри Bing за да биде релевантен пребарувач. Со цел на корисниците да им се претстават што е можно поточни и порелевантни податоци Bing започна соработка со енциклопедијата Britannica. Целта е да им се олесни на корисниците да дознаат некои куси информации во самиот пребарувач, налик на тоа што Google го направи со Knowledge graph.

Новите резултати од енциклопедија Britannica ќе содржат: мала сликичка, краток текст и некои корисни факти. За жал ова не е секогаш случај, а не се ретки и случаите кога навистина ќе треба да се потрудите да ги најдете резултатите од Britannica. Иако соработката е веќе започната можеби ќе треба да помине некое време Bing да го „исполира“ начинот на кој се прикажуваат податоците од Britannica.

Иако во иднина Bing би можел да конкурира на Google Knowledge Graph тоа не е случајoт сега.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии