Bing Code Search ќе ви помогне да најдете решенија во Visual Studio 2013

Microsoft ја подообри својата алатка за програмери Visual Studio 2013 со додавање на новата екстензија која им овозможува на .NET програмерите да пребаруваат за употребливи кодовите на MSDN, Stackoverflow, Dotnetperls и CSharp 411. Пребарувањето е едноставно, а на Intellisense е додадена нова опција „How do I…“ со која сe отвора прозорецот преку кој програмерот поставува прашање за задачата. Прашањето се проследува до Bing заедно со контекстот кое ќе ја надополни целината на прашањето. Потоа од веб сајтовите, кои се партнери на Microsoft, се прикажуваат решенијата, при што програмерот може да провери кој го нуди решението и оценката за квалитетот на предложениот код. Засега пребарувањето е фокусирано на C# но развивачите на екстензијата веќе бараат начин да ја прошират и на останатите јазици.

„Сакавме да направиме подобро искуство за вас (корисниците), Поради ова Visual Studio, Bing и Microsoft Research се здружија за да пружат DevLabs искуство кое го подига квалитетот на пребарување кодови….“, пишува на блогот на Visual Studio.

[youtube]OmlezWHxPUQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии