Бил Гејтс: Роботите кои ќе работат наместо луѓе треба да плаќаат данок

во Свет

Неодамна Илон Маск излезе со негова визија за иднината во која предвидува дека луѓето ќe добиваат основен приход. Сега и основачот на Microsoft, Бил Гејтс излезе со план за иднина.

Г. Гејтс препорачува сите роботи кои ќе ги заменат луѓето да бидат подложни на истите даноци и даночни стапки.

„Во моментов луѓето работат и заработуваат да речеме 50.000 долари. Овој приход се даночи со данок за доход, данок на социјална безбедност, и слично. Ако робот ја прави истата работа би требало и роботите да ги даночиме слично.“, вели Бил Гејтс во интервју за Quartz.

Причината за ова е што во иднина сѐ поголем број на работници ќе бидат заменувани со роботи. Ова може да предизвика помалку средства во буџетот. Ова не е во согласност со желбата на општеството за подобро социјално згрижување. Подобрувањата на: грижата за стари лица; подобро образование; подобро јавно здравство; пожарната и полицијата се директно зависни од буџетот.

Интересно слично како и г. Маск, Бил Гејтс смета дека со повеќе автоматизација луѓето ќе имаат повеќе простор за поважна работа. Сепак, за разлика од г. Маск кој спомена технологија и развој, основачот на Microsoft смета дека луѓето ќе имаат повеќе простор за работи за кои е потребна емпатија.

Прилагодување на луѓето за иднина во која дел од работниците ќе бидат заменети со роботи е клуч за напредокот. Наместо паника, општеството треба да почне да се подготвува за иднината. Без разлика дали идното решение е основен приход или сосем друг; автоматизираната иднина мора да почне да се разгледува.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments