Бил Гејтс донираше 4.6 милијарди долари, најголема донација од 2000 година

Бил Гејтс донираше 4.6 милијарди долари на засега непозната фондација. Ова е најголема донација откако ја креираа Bill & Melinda Gates фондацијата. Најверојатно средствата се донирани во фондацијата за подобрување на состојбата на глобалното здравје и намалување на екстремната сиромаштија.

Бил Гејтс и Ворен Бафет дадоа ветување дека во добротворни цели ќе подарат половина од своето богатство.

Г. Гејтс донираше 64 милиони акции на Microsoft, пренесе Guardian. Со тоа акциите кои ги поседува во Microsoft се намалија на 1.3%. Во 1996 година г. Гејтс поседуваше 24% од акциите на компанијата.

Досега Бил и Мелинда Гејтс донираа над 35 милијарди долари. Најголем дел од овие донации се акции на Microsoft. Само во 1999 донираа 16 милијарди акции.

Иницијативата за донирање на богатството досега ја поддржаа и Марк Закенберг, Мајкл Блумберг и Џорџ Лукас.

Г. Гејтс нема да им остави огромно наследство на своите деца. Наместо ова тие треба сами да го пронајдат својот пат.

„Парите се наменети за помош на најсиромашните. Знаат за ова и горди се на ова. Доаѓаат со нас кога одиме да видиме како се инвестирани средствата“, вели г. Гејтс.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии