Bike Computer надмина 2 милиони преземања

Македонската апликација Bike Computer развиена од Venikom Mobile надмина 2 милиони преземања. Бројот на преземања раскажува само еден дел од приказната, а Bike Computer во 2020 го зголеми и бројот на дневни активни корисници за 190 отсто.

Bike Computer официјално беше претставен во 2016 и уште од почетоците апликацијата е наменета за посериозни велосипедисти. Покрај стандардни опции за следење на брзина, дистанца, време, надморска висина, има можност и за следење на работата на срцето. Интегрирана безбедносна опција „Keep Me Safe“ во случај на незгода ги контактира одбраните контакти со локацијата и времето на незгодата. Апликацијата е достапна на iOS и Android, а од минатата година издадена е и верзија и за Apple Watch.

2020 беше исклучителна успешна година за нас. Со Bike Computer се снимаа повеќе од 14 Милиони километри. Успеавме да го дуплираме бројот на корисници во USA, и да привлечеме голем број на нови корисници од Европа. Во 2021 работиме да го задржиме моментумот кој го имавме изминатата година и да продолжиме со брзиот раст, вели Иван Ивановски, извршен директор на Bike Computer.

За оваа година мисијата на креаторите на апликацијата е удвојување на бројот на корисници и понатамошен развој на BikeComputer.


Линкови за преземање на апликацијата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии