Бијонси сруши iTunes рекорд со продадени 828 илјади албуми за само три дена

Со 828.773 продадени копии на iTunes Store новиот албум на Beyonce постави рекордна неделна продажба само три дена откако се најде во продавницата, вели Apple. Новиот албум е наречен едноставно Beyonce и е прв нејзин „визуелен албум“. Интересно албумот доаѓа единствено во дигитална форма, а успехот е уште поизненадувачи имајќи во предвид дека дојде без претходни најави и маркетинг. Покрај рекордот на iTunes поставен e и севкупен рекорд во првата недела за продажба во САД, а албумот се наоѓа на прво место во 104 држави.

Албумот Beyonce чини 16 долари, на него се наоѓаат 14 песни кои доаѓаат со 17 видеа. Песните засега се достапни единствено како дел од албумот, а посебно ќе бидат во продажба од 20 декември.

[youtube]2XtU9MvKx_g[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии