Пред неколку дена, ИМБ Млекара ги објави официјалните Facebook профили на своите брендови. Од почеток се гледаше дека е вложен труд во BiMilk и BiFruit, дека се работи за фино изработени профили, со опширни информации, фотографии од продуктите, посебни табови и плус страниците беа поддржани со рекламни пораки… фино.

Но, по само неколку дена успешно опстојување на Facebook, ИМБ, или пак нивната маркетинг агенција која го менаџира сето ова (се уште немаме официјални информации), направија критична грешка. Стартуваа наградна игра со која ги изложија личните податоци на број студенти, малолетни средношколци и ученици. Правилата на играта се дека секој кој сака да учестува на натпреварот мора да пријави сведителство или диплома од завршената училишна година. На тие сведителства секако се наоѓаат личните податоци како име, презиме, татково име, место на живеење, датум на раѓање, број на индекс, матичен број и сл.

Ваквото барање и вид на наградна игра на ИМБ Млекара е спротивно на Законот за заштита на личните податоци, каде што е наведено дека личните податоци мора посебно да бидат третирани и обработувани и дека личните податоци се “собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели.”

На прашање од Facebook корисник зошто мора да бидат објавени лични податоци за да се учествува во играта, администраторите на BiFruit одговараат дека:

“Документите ги објавуваат учениците и студентите да учествуваат во наградната игра. Правилата се дадени во јазичето Дискусии. Доколку некој сака може да ги зацрни останатите полиња освен името, предметите и оценките.”

Наградите кои студентите и учениците ќе ги добијат во замена за објавување на своите лични податоци се BiFruit пакети со подароци во кои се наоѓа пакет на BiFruit сокови по избор на добитникот и сет на брендирани чаши!

Во време кога луѓето масовно го користат Facebook, јасно е и дека компаниите ќе се обидат да се приближат до своите корисници со иновативни начини како наградни игри и натпревари, но што не треба да се заборави е дека сите овие нови медиуми си носат и нови предизвици и проблеми. Исто така, интересно во вакви ситуации е да се следи и разумот и однесувањето на потрошувачите и колку тие си ги ценат своите лични податоци…

Дополнително инфо: Се обидовме телефонски да контактираме со маркетинг одделот на ИМБ, но бевме известени од обезбедувањето дека нема никој по 16:00 часот и дека неможе да ни биде даден мобилен контакт од одговорните. Исто така се обидовме да контактираме и со ДЗЛП, но и таму никој не се јавува после 16:00 часот.

10 коментари на “Надополнето: BiFruit ги отстрани личните податоци

  1. Бооо ич не сум назад со информациите. Дури сега гледам дека грешката си ја поправиле BiFruit. Супер вест, ме израдва ептен

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии