Бидете внимателни со мобилните спам пораки, предупредува T-Mobilе

До сега научивме како да ги избегнуваме имејл спам пораките, но SMS спамот за многумина може да биде нешто ново, посебно што овие пораки не содржат ништо повеќе од „повикај ме итно“ и број од друга земја кој ќе ви наплати еден куп пари за повик. Засега се чини дека само T-Mobile е зафатен од ваквиот спам, но од операторот велат дека ги блокираат броевите за да ги спречат несаканите трошоци. Еве го соопштението во целост:

„Т-Мобиле ги известува корисниците дека во периодов има зголемен број на спам како повици и СМС од броеви што почнуваат на +88, +22 +21 и +29.

Пораките кои циркулираат се обично со следнава содржина : „Имаме важна порака за вас доколку се јавите на бесплатниот број“.
Затоа, се советуваат корисниците да не бираат повратно на овие броеви, зашто ќе имаат несакани трошоци. Воедно ги известуваме корисниците дека спам пораката која викендов циркулираше од броеви што почнуваат на +29, со содржина „Побарај ме итно“ и „Ме викаат итно“ откако е пријавена е блокирана.

Иако откако корисникот ќе пријави, Т-Мобиле веднаш ги блокира спам СМС броевите, сепак најдобро е корисниците да не бираат повратно.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии