Безжичното полнење на телефони ќе биде побрзо, можеби брзо како со кабел

Бежичното полнење на паметните телефони наскоро би можело да биде подеднакво брзо со каблите, вели извештајот на Wireless Power Consortium. Новата верзија и спецификации на Qi ќе овозможат полнење на батреиите при 15W за сите уреди кои поддржуваат бежично полнење.

„Неколку производители веќе нудат жичано полнење за своите уреди со кое може да се наполни 60 отсто од капацитетот на батеријата за 30 минути. Новата Qi спецификација овозможува да подеднаква брзина и при бежичното полнење“.

Побрзото полнење ќе отстрани еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат корисниците на паметните уреди. Но, иако везжичното полнење решава голем проблем што не мора да се врзуваме со кабли, сепак е со намалена ефикасност и повисока цена. Но, како што напредува технологијата така ќе се отворат и можности, како на пример за медицинска опрема која бежично се полни преку кожата, наместо преку електроди кои треба да се доведат до уредот.

Новиот стандард предвидува отпочнување на тестови и алатки со кои не само што ќе се испита бежичното полнење туку ќе се обезбеди бежичното полнење да биде компатибилно со уредите кои веќе ја поддржуваат постарата технологија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии