Безбедното бутирање на Windows 8 може да биде добро за Linux

Откако Microsoft го најави новиот оперативен систем Windows 8, одлуката сите произведувачи кои сакаат да го имаат логото на Windows 8 на своите производи да оспособат UEFI безбедно бутирање предизвика загриженост меѓу оние кои сакаат да употребуваат повеќе оперативни системи на своите машини.

Фондацијата Linux објави PDF документ во кој стои дека безбедното бутирање и не мора да значи дека ќе претставува проблем за корисниците на Linux. Техничките советници во фондацијата Linux, Џејмс Ботомли и Џонатан Корбет, во документот имаат наведена дека безбедното бутирање ќе нуди верифициран процес за подигнување на оперативен систем, кој ќе биде чист од злонамерни софтвери, и со тоа ќе ја подобри безбедноста на многу системи. Во текстот исто така стои и дека Linux, како и други оперативни системи, ќе има корист од безбедното бутирање доколку е правилно интегрирано во хардверот.

Во текстот исто така стои и дека во срцето на безбедното бутирање UEFI се наоѓаат платформски клучеви (Platform Keys – PK), кои се дизајнирани да бидат контролирани од сопственикот на хардверот и главни клучеви за размена (Key-Exchange Keys – КЕК) кои се контролирано од страна на продавачите на хардвер и оперативен систем. Оваа поделба е важна бидејќи му овозможува на сопственикот на платформата да одлучи на кои клучеви им верува без да ги загрози можностите на KEK контролите да обезбедат дека оперативниот систем безбедно се бутирал.

Сите хардвери треба да се испорачуваат во отворен „setup mode“ без да имаат инсталирано платформски клуч. На овој начин корисниците ќе можат да инсталираат платформски клуч по нивни избор, или да му дозволат на оперативниот систем да го стори тоа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии