Безбедноста на интернет на нештата уредите не може да го следи интересот за истите

Интересот за уреди кои се дел од интернет на нештата постојано се зголемува. Ова колку е добро бидејќи ќе има попаметни, понапредни и подобри уреди, толку и не е. Главна причина за опасноста е лошата безбедност на самите уреди.

Вестите за бот мрежи кои потоа се користат за различни DoS напади веќе не се новост, а решението за проблемите со уредите не е на повидок. Бројот на поврзани сензори, камери, светилки и куп различни уреди постојано расте. Со 5G мрежата популарноста на овие уреди без никакво сомневање ќе се зголеми. Паметните градови дополнително ќе придонесат со нови уреди, кои барем во моментов се безбедни како и претходните генерации.

Вакви минијатурни и небезбедни уреди се сериозна опасност. Бот мрежата Mirai на пример постојано скенира и додава небезбедни уреди од интернет на нештата. Мрежата се користи за DDoS напади и е „одговорна“ за дел од најголемите напади. Дел од оваа мрежа се камери, микрофони, телевизори, фрижидери, клима уреди и речиси секој уред од интернет на нештата.

Причината за проблемите е неажурноста на производителите на опремата, но и на корисниците. Производителите не доволно работат на надградби на софтверот и фирмверот, дури и сега кога проблемите се евидентни, а голем дел од корисниците не ги ни менуваат основните лозинки на уредите кои ги купуваат. Најголем дел од Mirai мрежата минатата година беа безбедносни камери кои беа со непроменети лозинки од производителите.

https://iot-analytics.com/state-of-the-iot-update-q1-q2-2018-number-of-iot-devices-now-7b/

До 2025 ќе бидат приклучени над 20 милијарди „интернет на нештата“-уреди, прогнозира iot-analytics. Ако не се започне со зголемување на безбедноста секако и нападите ќе бидат поголеми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии