Безбедносните експерти Mandiant беа хакирани

Еден од серверите на компанијата за сајбер безбедност Mandiant беше цел на хакерски напад. Кампањата хакерите ја нарекоа #LeakTheAnalyst, а податоците ги споделија на Pastebin. Mandiant се безбедносни експерти кои се фокусираат на анализа. Компанијата од 2014 година е дел од FireEye, пишува Next Web.

Сепак, експертите кои ги погледна споделените податоци, тврдат дека од нападот е зафатен единствено еден компјутер. Со оглед на тоа дека во фајлот се споменува Ади Перец (Adi Peretz), најверојатно пробиен е единствено неговиот компјутер. Напаѓачите се здобиле со пристап до Linkedin и Microsoft профилот на г. Перец.

Пробивањето на еден од експертите на компанијата, секако не е добра вест, но е подобра од алтернативата: пробивање на целата компанија. Лоша вест е што хакерите ја добиле целата имејл комуникација.

Од Median излегоа со соопштение и ја потврдија точноста на информацијата. Дополнително, појаснија дека е пробиен профилот од друштвените мрежи на вработен во компанија. Податоците кои се споделени најверојатно се украдени од OneDrive,  а не од серферите на Mandiant.

„Свесни сме за извештаите дека профил на друштвените мрежа на вработен во Mandiant е компромитиран. Веќе започнавме истрага и ги преземавме потребните чекори за намалување на ризикот од дополнителна опасност. Нашата истрага продолжува, но досега не пронајдовме доказ дека системите на FireEye или Mandian се пробиени“, велат од компанијата.

Според текстот на Pastebin, 31337 ова е почеток на поголема операција кој ја нерекоа #LeakTheAnalyst. Хакерите планираат да откријат и објават податоци на безбедносни експерти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии