Безбедносен пропуст на Twitter, дел од приватните пораки се јавни

Дејан Соколоски

во Вести

Поради безбедносен пропуст приватните пораки кои ги испраќаат корисниците на Twitter биле јавни. Ова не се однесува на сите, туку група на корисници. Микроблогот веќе ги извести овие корисници, јави BBC.

Пропустот е во разговорите помеѓу корисници и компании кои нудат услуги на Twitter. Пропустот сега е отстранет, но претходно беше активен од мај 2017. Twitter го отстрани пропустот на 10 септември, веднаш штом дознаа за истиот.

Од Twitter објавија и дека овие разговори не биле испратени на погрешни соговорници. Приватните (direct messages) на Twitter се единствениот дел од објавите на микроблогот, кој се во целост приватни. Сите останати објави на платформата се јавни.

„Не пронајдовме случај во кој податоците се пратени на грешен корисник. Сепак не можеме со сигурност да тврдиме дека ова не се случило, па ги известуваме луѓето зафатени од пропустот“, велат од Twitter.

Сите кои се зафатени од багот се веќе известени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии