Безбедно покренувајте каква било апликација со Sandboxie

Sandboxie e апликација која ви дозволува да покренувате каков било програм во една безбедна, но затворена околина на вашиот хард диск. Со ова, се спречуваат малициозните апликации да преземат контрола врз вашиот Windows и да прават несакани промени. Имено, секој програм што ќе го инсталирате и покренете во sandbox може да чита податоци од хард дискот, но не може да запишува податоци надвор од околината на хард дискот која му е доделена.

Поради сево ова, Sandboxie се препорачува секогаш кога ќе наидете на некој програм кој сакате да го проверите, но не сте сигурни дали крие некаков малициозен код. Со оваа алатка, без проблем можете да го истестирате, иако дефинитивно препорачуваме првин убаво да го истражите на интернет и да видите што мислат другите корисници за програмот.

Sandboxie, инаку, постои уште од далечната 2004 година. Во 2017 година, меѓутоа, алатката беше купена од Sophos. За користење Sandboxie, корисниците плаќаа по 20 евра годишно. Од септември наваму, алатката е целосно бесплатна и се најавени планови за целосна транзиција во open-source.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии