Безбедно избришете податоци со Eraser

Приватноста е сериозна работа и некои ваши податоци се само за привремена употреба. Во моментот кога ќе се решите да ги избришете, би можеле да посегнете по копчето Delete и празнење на корпата за отпадоци (или shift+delete), но, во тој случај,  оперативниот систем првенствено менува неколку битови во насловот на самиот податок за да му каже на системот дека истиот повеќе не е потребен. И, фајлот навистина не го гледате, но тоа не значи дека таквата слика, видео, или документ не можат лесно да се вратат со бројни бесплатни алатки. За целосно и неповратно бришење податоци, потребно ви е да користите алатка која специјализира во таквото нешто. Eraser e една таква бесплатна алатка.

Eraser постојано ги пребришува податоците кои сте решиле да ги отстраните од вашиот хард диск. Со алатката, можете да одберете најразлични методи на бришење, како и да наместите најразлични автоматизирани задачи за редовно пребришување на празниот простор од вашиот хард диск.

По инсталирање Eraser и започнување на процедурата за бришење податоци, ќе забележите дека она што се препорачува е гутман методата за бришење фајлови. Методата се состои од пребришување на податоците 35 пати. Оваа метода можеби е безбедна, но знае да потрае значително долго, од неколку часови, па до неколку денови, во зависност од големината на податоците, и се препорачува само за исклучително чувствителни податоци. За она што не е од преголема чувствителна природа, би можеле да одите со три до седум пребришувања. Ова е и стандардот за бришење податоци од Министерство за одбрана на САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии