Безбедно испраќање чувствителни податоци со OnionShare 2

Кога се работи за испраќање чувствителни податоци, како документи од банка, приватни документи или фотографии, испраќањето преку и-мејл или слични сервиси за споделување податоци е делумно безбедно решение. За наметнување екстра слоеви безбедност при испраќање вакви податоци, она што би можеле е да го насочите вниманието кон значително побезбедни решенија, како OnionShare.

OnionShare e значително побезбедна алатка, особено кога ќе земете во предвид дека првенствено била осмислена за да им дозволи на новинарите да испраќаат и примаат тајни податоци. Ова не значи, меѓутоа, дека вие не можете да ја користите за безбедно и анонимно споделување податоци кои се за вас важни и не треба да паднат во погрешни раце.

OnionShare функционира така што создава веб сервер директно на вашиот компјутер и го претвора во екстра безбедна адреса до која останатите можат да пристапат. За да ваквото нешто да биде можно, потребно е прво да го инсталирате прелистувачот Tor и да го оставите да работи во позадина.

На најновата верзија на OnionShare се чекаше две години. Алатката се одликува со бројни нови функции, како вклучување на јавен режим и споделување податоци со сите кои ќе ја добијат адресата, поддшка за 12 нови јазици, како и поддршка за анонимно испраќање податоци директно во вашиот Dropbox. Паралелно со ова, интерфејсот има доживеано модерна, визуелна надградба, а форматот од адресите кои сега се создаваат е значително побезбеден.

1 коментар на “Безбедно испраќање чувствителни податоци со OnionShare 2

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии