Без проблеми за Uber, компанијата купи 24.000 автономни возила од Volvo

Дејан Соколоски

во Вести

Судскиот спор со Waymo и промената на директорот, сепак не го забавуваат Uber. Компанијата порача 24.000 автономни возила од Volvo, јави Reuters. Ова во иднина ќе овозможи повикување на возило без возач од апликацијата на Uber.

Возилата кои Volvo се согласи да му ги продаде на Uber се XC90 теренско возило. Периодот за купување на овие возила започнува во 2019 година и ќе трае следните 3 години. Можеби вистинско прашање е дали до 2019 година, Volvo воопшто ќе има развиено автономни возило.

Сепак, потегот е повеќе стратешка одлука за партнерство на двете компании. Цената на теренецот на Uber е 50.000 долари, па за 24.000 возила, Uber ќе треба да му плати на Volvo најмалку 1.2 милијарди долари. Ова е најголема нарачка на возила која Uber ја направи досега.

Ова не е прва соработка на двете компании. Uber и сега користи неколку возила од производителот за тестирање. Uber тестира со овие возила во Темпи, Аризона и Питсбург. Не толку добра вест е дека веќе ја имаа и првата незгода на патот.

Бројката од 24.000 возила е голема и во споредба со компании кои се понапред со развој на технологијата. Waymo од Fiat купи 600 возила за да ги опреми со сензори, а досега ова не е завршено. Waymo веќе започна со тестови на целосно автономни возила и е далеку пред Uber кога технологијата е во прашање.

Идејата за замена на луѓето возачи со вештачка интелигенција не е нова, ниту некогаш Uber ја криел. Дали ова ќе и помогне на компанијата која во просек губи 600 милиони долари секоe тримесечие, ќе дознаеме за неколку години.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии