Bethesda повторно започна да продава модови

Издавачката куќа Bethesda, најдобро позната по серијалите The Elder Scrolls и Fallout не сака да се помири со поразот кој произлезе од фијаското од 2015 година и повторно започна со продавање модови, овој пат не директно преку Steam, туку преку нивната интерна продавница – Creation Club.

„Со нови предмети, способности и гејмплеј механики создадени од Bethesda Games Studios и надворешни партнери, не исклучувајќи ги и најдобрите креатори од заедниците, содржините во Creation Club се целосно подржани и компатибилни со главната игра, официјалните додатоци и достигнувања“, вели официјалната изјава од Bethesda. „Продавницата е моментно достапна за играта Fallout 4, но Creation Club ќе дојде за Skyrim Special Edition од наредниот месец. Сите содржини од Creation Club работат на верзиите за PlayStation 4, Xbox One и PC.“

До тука некако е јасна намерата. Bethesda навистина сака да профитира од овој пазар со неискористен потенцијал и откако едната идеја пропадна, компанијата се префрли на друга. Она што изненадува и ги разлутува повеќето гејмери е следнава контрадикторна изјава која доаѓа веднаш по горе-кажаното: „ И секако, модовите ќе останат бесплатен и отворен систем каде секој може да креира и споделува сè што сака“.

Само не преку нивната платформа. И не за модови од повисок квалитет кои ќе бидат под сенката на Bethesda.

Да не се каже дека компанијата не е дарежлива, секој корисник добива по 100 кредити, а со нив, не можете да купите апсолутно ништо, освен ако сметате дека pip boy или power armor со малку поразлична боја е нешто. Не, не, за посодржителни модови, како оклопи, оружја, изгледи или гејмплеј механики, ќе треба да одвоите повеќе кредити. Слично на платежниот модел за играта The Elder Scrolls Online, Bethesda дава 750 кредити за 450 денари или пак 5000 кредити за 2000 денари.

За тоа дали и на кој начин ќе биде загрозена модерската сцена со ваков потег, останува времето да покаже.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments