БЕСТ Скопје по 16-ти пат организира Летен Академски Курс

БЕСТ (Борд на Европски Студенти по Технологија) претставува непрофитна и неполитичка организација која на студентите им овозможува да го надградат своето знаење со теми со кои ќе го надополнат образованието преку организирање на курсеви, технички натпревари, едукативни симпозиуми, тренинзи и размени на студенти. Исто така, БЕСТ Скопје покажува стремеж за проширување во пазарот на трудот со организирање на саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

БЕСТ Скопје оваа година во соработка со Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), организира Летен Академски Курс. Темата на овогодинешниот курс е од областа на веб технологиите.

На овој курс ќе има околу 40 учесници, од кои една половина се студенти од цела Европа, додека другата половина се локални студенти. Ќе се слушаат предавања од искусни професори од ФИНКИ и предавачи од врвни компании кои се блиски со темата.
Меѓународниот Летен Академски Курс ќе трае од 27 јуни до 7 јули, а на самиот крај учесниците ќе полагаат завршен испит преку кој се стекнуваат со соодветен сертификат.

Заинтересираните студенти при УКИМ кои имаат желба за вакво летно искуство и надополнување на нивното знаење можат да аплицираат како локални учесници на курсот со пополнување на формата на следниот линк најкасно до 10 јуни.

Сепак, Летниот Академски Курс не е само од образовен, туку и од културен карактер. Културното значење на курсот е во разновидноста на културите и традициите кои европските учесници ги претставуваат. При организирање на голем број на активности во Скопје, Струга и Охрид, учесниците ќе се запознаат одблиску со богатата култура и историја на Македонија, како и различните значајни традиции, обичаи и знаменитости, разменувајќи ги и сопствените.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии