БЕСТ Скопје го најави првиот виртуелен БЕСТ инженерски натпревар

Европскиот БЕСТ инженерски натпревар е настан кој им овозможува на учесниците да се запознаат со реалните практични проблеми во светот на инженерите и инженерските решенија. Оваа година поради пандемијата, за првпат EBEC ќе се одржува виртуелно.

Натпреварот ќе биде во склоп на „Недела на инженерство” и ќе се одржи од 08.03.2021 до 19.03.2021. Сите заинтересирани студенти ќе можат да се пријават и да се натпреваруваат, како дел од тим составен од 4 учесници, во една од категориите – Case Study или Team Design.

Работата на учесниците ќе биде следена и оценувана од страна на стручно жири составено од претставници од компании партнери на организаторот, како и од професори од техничките факултети при УКИМ. Задачите и проблемите со кои ќе се соочат студентите ќе бидат зададени од страна на партнер-компаниите – Aptiv, IW Connect и Johnson Matthey.

Case Study – во оваа категорија натпреварувачите ќе се соочат со конкретен „случај“ од некој теоретски проблем. Тимовите треба да го најдат најдоброто решение со употреба на нивните аналитички вештини, академско знаење, креативност, како и способност за тимска работа. Оваа година, партнери во оваа категорија се IW Connect и Aptiv.

Team Design – е најавена како категорија која ги предизвикува креативните вештини за решавање на практични проблеми, како и академското знаење и тимскиот дух на натпреварувачите. Предизвикот е дизајнирање на решение на даден проблем со ограничени материјали и време. Проблемот го поставува партнер, а овојпат тоа е Johnson Matthey.

Покрај натпреварувачкиот карактер настанот ќе има и едукативен дел. Без разлика дали ќе се натпреваруваaт или не, сите може да се пријават и да слушате предавањата водени од страна на партнерите. Предавачи ќе бидат експерти од компаниите партнери, и ќе зборуваат за актуелни теми од инженерскиот свет.

За повеќе информации и актуелни вести за настанот следете ги BEST Скопје на друштвените мрежи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии